Мотоцикли

Honda го претстави CRF1000L2 Africa Twin Adventure Sports 2018

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Следете нè на:

 

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот. И двата мотоцикли ќе се најдат на пазарот во Македонија следното лето, а новата верзија очекуваме да биде за 2000 евра поскапа од основната верзија.

africa 2018 1CRF1000L2 Africa Twin Adventure Sports

Од Јапонската компанија велат дека овој мотоцикл е подготвен за возење на потежок терен, а за таа цел е опремен со подобра суспензија како и поголем резервоар за гориво со кој ќе можете да поминете повеќе километри. Покрај овие додатоци, тој има поголем преден и заден штитник за кал, повисоко ветробранско стакло како и греачи на рачките. Adventure Sports исто така доаѓа и со простор за багаж на десната страна на мотоциклот во кој ќе можете да ставите дел од вашите лични работи како и алат.

africa 2018 1 2Honda CRF1000L2 Africa Twin Adventure Sports 2018

Подобрувањата на платформата започнуваат кај 998 cc SOHC parallel-twin моторот кој сега има нова воздушна кутија како и редизајниран издув. Пумпата за вода сега се наоѓа внатре во оклопот за кумплунгот, а на главата на цилиндарот има инсталирано термостат.

Меѓу новите додатоци е и новата Литиум – Јонската батерија која сега тежи 2,3 килограми помалку отколку стандардната единица, „throttle-by-wire“ систем со индивидуални режими на возење како и системот HSTC. Тој сега има седум нивоа за полесно да се адаптира на различните услови.

Honda се уште не објави какви бои ќе има стандардниот Africa Twin но напомена дека Adventure Sport ќе ја има специјалната Бела/Сина/Црвена шара. Во моментов се уште не е позната ниту цената на овие модели.

Би можело да ве интересира

Во Хонда салонот на Макпетрол во Скопје пристигнаа два нови модела: Honda VFR1200X и CBR1000RR

На почетокот од сезоната Македонија беше домаќин на третата меѓународна-регионална ИПА мотоциклистичка средба на која присуствуваат активни полициски службеници и полициски ветерани од шест земји од регионот.

9-та рунда од МотоГП шампионатот викендов не води на патеката Захсенринг во Германија.

Дани Педроса официјално го објави своето повлекување од МотоГП трките, ова ќе биде последна сезона за шпанецот.

Логично е Дукати да „извади“ и соголена верзија од популарниот нов модел, но ќе мора да почекаме до саемите за мотоцикли оваа година за да видиме дали тоа ќе се претвори во реалност.

Ќе има нов Kawasaki Ninja ZX-6R како модел за сезоната 2019, тоа барем можеме да го потврдиме.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!