Концептот на Honda, CB1100 Type II, се чини дека ќе се најде во продажба следната година. Honda долго време се двоумеше околу оваа идеја, но конечно реши да направи нешто драстично и го создаде CB1100.

Концептот на Honda, CB1100 Type II, се чини дека ќе се најде во продажба следната година. Honda долго време се двоумеше околу оваа идеја, но конечно реши да направи нешто драстично и го создаде CB1100.

Тој за прв пат беше претставен во 2009 година, но во продажба се најде само во одреден број на земји. Во Велика Британија тој се појави четири години подоцна.

honda cb1100 1

Пред две недели, на саемот за мотори кој се оддржа во Осака, Honda претстави две нови верзии на CB1100. Се чини дека и двата мотоцикли ќе бидат основа за понатамошен развој.

Извори на „MCN“ од Јапонија открија неколку детали околу развојот на мотоциклот:

„Знаеме дека CB1100 Type II веќе е на тест патекита на Honda. Целта е до крајот на 2016 година да се претстави конечната верзија и да почне да се продава како модел за 2017 година. Можеби ќе биде претставен на некој саем за мотоцикли во Европа оваа година бидејќи Honda знае дека Европа ќе биде еден од најголемите пазари за овој мотоцикл.“

CB1100 Type II ќе има 17 инчни тркала, Brembo сопирачки и Öhlins суспензија. Покрај CB1100 Type II, ќе има и покласичен CB1100 кој исто така беше прикажан во Осака.  Таа верзија нема да има многу промени.

honda cb1100 2

Back To Top