Ова е Africa Twin Adventure Sports концептот, моторцикл кој неодамна беше претставен од Јапонската компанија и кој е повеќе оф-роуд верзија од моделот што Honda го претстави на EICMA минатата година.

Ова е Africa Twin Adventure Sports концептот, моторцикл кој неодамна беше претставен од Јапонската компанија и кој е повеќе оф-роуд верзија од моделот што Honda го претстави на EICMA минатата година. Иако мислевме дека Honda CRF1000L (Africa Twin) е новиот авантуристички мотоцикл на Honda, се чини дека погрешивме.

Работите стануваат помалку чудни на пазарот за авантуристички мотоцикли. Иако се чини дека се повеќе производители создаваат мотоцикли за таа намена, тие на крајот повторно се враќаат на R или Adventure.

honda africa twin adventure sports concept previewed 3

Најдобар пример се моделите R1200GS и R1200GS на BMW. Стандардните мотоцикли сега имаат тркала кои се одлични за на улица но не се многу корисни за оф-роуд. Други примери за ова се моделите на Suzuki, 650 XT V и 1000 Adventure V-Strom, Aprilia со Caponord 1200 Rally и од неодамна, моделот Multistrada 1200 Enduro на Ducati.

Основниот модел на Africa Twin е прекрасен и се уште не сме сретнале некој кој го негирал тоа. Кога слушнавме дека Honda има нов Africa Twin Adventure Sports концепт, очекувањата беа големи, а презентацијата на новиот концепт прикажа модел кој е многу сличен на „обичниот“.

honda africa twin adventure sports concept previewed 1

Новата машина навистина изгледа прекрасно, а Termignoni издувот му дава посебна убавина на страничниот дел на мотоциклот.  Но останатиот дел изгледа навистина слично со основниот модел. Поинакво седиште, простор за багаж и боја која е многу слична на стариот Africa Twin. Во секој случај Хонда очигледно работи активно на враќање на Африка Твин моделот на врвот од овој сегмент, а судејќи според бројот на нарачки кои ги прават импортерите, се чини дека е на добар пат.

honda africa twin adventure sports concept previewed 2

Back To Top