Иако можеби немаме радикална промена на победничката супермото платформа на Husqvarna, денеска само што дебитираше 2019 Husqvarna FS 450 и тој ни доаѓа со импресивна листа на измени.

Изграден врз основа на новата мотокрос линија на компанијата, 2019 Husqvarna FS 450 има промена на главата на цилиндарот, по ригидна шасија како и голем број на други суптилни промени кои ја намалуваат тежината на мотоциклот. Сите овие промени се направени со цел да се креира најдобриот фабрички супермото на пазарот.

2019 Husqvarna FS 450 05

Со цел да се разликува од претходните FS модели, новата верзија има сина рамка. Задната под-рамка исто така е променета и сега е за 200 грама полесна. Исто така, 2019 Husqvarna FC 450 има и нова глава на цилиндарот која е за половина килограм полесна отколку кај моделот за 2018 година. Моќноста на мотоциклот останува на 63 коњски сили додека пак целиот мотор тежи 27 килограми.

2019 Husqvarna FS 450 04

Suter slipper кумплугот како и Magura хидрауличниот главен цилиндер остануваат дел од овој супермото пакет.

Иста е и суспензијата, а моделот за 2019 година добива WP AER 48mm вилишка со променети сетинзи за новата шасија. Задниот амортизер, WP DCC, исто така е променет со нов клип како и со нови сетинзи од фабриката.

2019 Husqvarna FS 450 06

Alpina тркалата исто така остануваат стандарден дел, а предното тркало има 16.5 инчи. Опремен е со Bridgestone R420 гуми - 125/80 R420 и 165/65 R420. Од компанијата велат дека кога е празен, мотоциклот тежи само 102 килограми.

Мотоциклот има контрола за старт како и контрола на тракцијата, а од Husqvarna велат дека е променета и електрониката на овие системи. Меѓу другите промени кај овој мотоцикл се:

- Променет рам

- Должината на лежиштето за прицврстување на ланецот е зголемено за 5 мм

- Промена на резервоарот за гориво

- Нов кабел за гаста за полесно оддржување

- Подобрен систем за ладење

Back To Top