Индонезискиот претставник на Хонда - „Астра Хонда“ денеска ја претстави продукциската верзија на новата Honda CBR250RR која беше претставена минатата година на саемот за мотори во Токио.

Индонезискиот претставник на Хонда - „Астра Хонда“ денеска ја претстави продукциската верзија на новата Honda CBR250RR која беше претставена минатата година на саемот за мотори во Токио.

072516 2017 honda cbr250rr red

Во моментот моделот е потврден само за пазарот во Индонезија и Јапонија, за Европскиот пазар се очекува Хонда да претстави модел кој ќе има поголема зафатнина која ќе може да се носи рамо до рамо со Yamaha R3 и KTM 390 Duke.

Моделот со зафатнина од 250цц е придвижуван од четворотактен мотор со водено ладење кој е развиен спицајлно за овој модел. Од фабрика доаѓа со „throttle-by-wire“ и модови за селекција на јачината на моторот. Предницата ја држат апсајд-даун вилушки, додека пак задната амортизација ја прави асиметрична алуминиумска вилушка со пет позиции за подесување. За кочењето се грижат дискови од 310мм напред и 240мм назад, а за Индонезискиот пазар АБС-от е опционален, додека пак за Европскиот пазар се очекува ова да биде задолжителна опрема.

Изгледот е навистина импресивен, двојните лед светла одлично прилегаат на новиот дизајн, а 14 литарскиот резрвоар одлично се вклопува во линиите. Новиот модел ќе биде достапен во три бои: црна, мат црна и црвена. Сеуште нема најава за цената, но се очекува да биде во рамките на цената за која се нудат конкурентните мотори во оваа класа.

Back To Top