Макпетрол во својот салон за Хонда во Скопје го изложи новиот Honda MSX125 2017

Макпетрол во својот салон за Хонда во Скопје го изложи новиот Honda MSX125 2017

IMGP9450

Honda за 2017 направи неколку промени на малиот мотоцикл во својата гама. Забележителни се острите линии, ЛЕД светлото и издувот кој е компактен во однос на рамот. Редизајнот придонесе овој модел на саемот „EICMA“ во Милано да биде забележан како „мини стрит фајтер“, модел кој го задржа угледот кој го имаше но сега е со подобрен стил.

Хонда го претстави за прв пат во 2013 година, а до сега продаде повеќе од 300.000 парчиња низ целиот свет. Се работи за агрегат со зафатнина од 125цц и воздушно ладење кој има мала потрошувачка. Иако во габарит е значително помал од нормален мотоцикл, најде голема примена кај возачите кои го користат наместо скутер за да завршат работа низ град, возачи со А1 категорија, како и возачи кои го користат како дополнително возило кога одат на кампување.

Возбудлив за возење и интересен на изглед, новиот „Гром“ во Макпетрол се продава по цена од 3.590€

Back To Top