Ducati најави нов модел во својата Multistrada линија додавајќи го 1200 Enduro Pro.

Новиот Ducati Multistrada 1200 Enduro Pro има извонреден изглед и е опремен со големо седиште и црна подрамка. Офроуд можностите на мотоциклот се подобрени благодарение на Pirelli Scorpion Rally пневматиците кои доаѓаат како стандарден дел. Со димензии од 120/70 R19 за предната гума и 170/60 R17 за задната гума, оваа комбинација е одлична за нерамни патишта но нуди и одлични перформанси доколку возите на асфалт. Меѓу другите додатоци се и LED светлата, пониското ветробранско стакло како и Termignoni издувниот систем кој е во согласност со ЕУ стандардот.

ducati unveils new multistrada 1200 enduro pro 118888 1

Моќноста доаѓа од истиот Ducati Testastretta DVT мотор кој развива 152кс, а кој го има кај обичниот 1200. Тој има Euro 4 одобрение, а исто така има и четири нивоа на возење: Ендуро, Туринг, Спорт и Урбан. Мотоциклот исто така има и ABS Cornering, Ducati Traction Control (DTC), Cornering Lights (DCL) како и Ducati Skyhook Suspension (DSS). Исто така на листата е и Vehicle Hold Control (VHC) кој ќе ви помогне доколку стартувате од угорнина, а исто така има и електричен мерач на брзина како и Bluetooth. Со негова помош ќе можете да го поврзете вашиот телефон со мултимедија системот и сите информации ќе ги добивате на 5 инчниот ТФТ дисплеј.

Мотоциклот нуди комбинирана потрошувачка на гориво од 5.6 литри на 100 километри и доаѓа со две годишна гаранција. Цената на мотоциклот зависи од регионот од кој доаѓате, а за повеќе информации обратете се во вашата локална продавница за Ducati мотоцикли.

Back To Top