Новиот ѕвер од Дукати доаѓа од фабрика со моќност од 221кс и Еуро4 компатибилност, ставањето на тркачкиот кит ќе го претвори во убиствена машина со тежина од само 165 килограми и моќност од 234 коњски сили. 

EICMA мото шоуто ќе се оддржи во Милано од 6-ти до 11-ти Ноември и е еден од најголемите вакви настани во Светот. Учество ќе земат повеќе од 1200 брендови кој ќе ја презентираат нивната најнова технологија, концепти и нови модели. Покрај изложбата на мотоцикли, настанот ќе има и музика, тркачки дел како и многу забава.

Ducati Panigale V4R 1

„Оваа изложба е најважната глобална презентација на индустријата која продолжува да се трансформира“, изјави првиот човек на EICMA, Андреа ДелОрто. „Продолжуваме да креираме извонредност, а фокусот е ставен на иновациите и одличниот капацитет за толкување на пазарот“.

Ducati ја откри целосната линијата на мотоцикли за сезоната 2019

Пред да се оддржи овој настан, Ducati само што ги откри нивните модели за сезоната 2019. Покрај оние кои што веќе беа познати, како што е Multistrada 1260 Enduro, линијата сега вклучува и 998cc верзија на Ducati V4 супербајк моделот. Покрај тоа има и нови Diavel и Hypermotard, како и авантуристичкиот Multistrada 950.

Исто така претставено беше и специјалното издание на Monster 821 Stealth кој ги задржува карактеристиките на стандардниот мотоцикл но има промена на бојата.

Ducati Panigale V4R

Новиот ѕвер од Дукати доаѓа од фабрика со моќност од 221кс и Еуро4 компатибилност, ставањето на тркачкиот кит ќе го претвори во убиствена машина со тежина од само 165 килограми и моќност од 234 коњски сили. Panigale V4R оправдано беше главна атракција на настанот. Претставен на крај од страна на Супербајк натпреварувачот, Чез Дејвис, ова е мотоцикл кој ќе биде основа за сите супербајк модели на компанијата во сезоната 2019. Со него ќе возат Дејвис, Алваро Баутиста, Скот Рединг, а исто така ќе биде дел и од Британскиот Супербајк шампионат. Исто така беше претставен уште еден модел од 1100cc Panigale V4 линијата. Новиот Panigale V4S Corse има 214 коњски сили.

Ducati Panigale V4R 2

Back To Top