Suzuki Италија на својата фејсбук страна ја објави оваа фотографија од моделот GSX-R1000R со оклопи целосно изработени од карбон.

Што да помислиме за ова? Се чини дека компанијата има специјална верзија на GSX-R1000R кој има делови изработени од јаглеродни влакна, тркачко ветробранско стакло и специјални штитници. Оваа верзија најверојатно ќе биде специјален модел за сезоната 2019. Гледајќи го времето кога е објавено промотивното видео, можеме да очекуваме дека моделот ќе биде претставен за време на Гран При трката која ќе се оддржи во Мизано овој викенд.

GSX R carbon teaser Suzuki Italia

Со оглед на тоа дека голем број на компании успешно продаваат скапи, високо технолошки верзии на своите супербајк мотоцикли, почнувајќи од Yamaha R1M, Kawasaki ZX-10RR и Honda Fireblade SP2, кои достигнуваат цена и до 70 000 евра, не не изненадува фактот дека и Suzuki сака да стане дел од оваа игра.

Ние викендот ќе го поминеме на патеката во Италија, доколку шпекулациите се остварат, очекувајте повеќе детали и ексклузивни фотографии од новиот модел.

Back To Top