Мотоцикли

Дали ќе видиме нов ZX-10R во 2019?

Промените во правилата за емисија на штетни гасови ни сугерира дека ќе имаме нов модел за сезоната 2019

Следете нè на:

 

Неверојатно е какви информации можеш да откриеш во еден навидум обичен документ каков што е CARB. На пример, неодамна објавен документ на интернет страната на Калифорнискиот институт за заштита на воздухот, ни покажува дека моделот на Kawasaki, ZX-10R за 2019 година има малку поголемо нивно на емисија на штетни гасови. Што значи тоа и зошто би можело тоа да биде важно за моделот за сезоната 2019 година.

eicma 2017 1 88

Гледајќи го одблизу, новиот документ открива два ZX-10 модели за сезоната 2019. И двата модели имаат хидро карбонски издув на гасови од 0.12 грама на еден километар. Само за споредба, кај минатогодишните модели оваа бројка изнесуваше 0.1 грам на километар. На прв поглед ова можеби не значи ништо посебно. Но размислете подобро. Што е она што предизвикува поголема емисија на гасови? Дали мотоциклите имаат поголема моќност? Можеби, но никој не може точно да каже.

Она што може со сигурност да се каже е дека Европските верзии на ZX-10R ќе имаат поголема моќност во споредба со своите американски колеги. 197 коњски сили при 13,000 rpm во споредба со 185 коњски сили при 11,500 rpm. Но можеби Kawasaki сака да ги направи Ninja моделите наменети за американскиот пазар со иста моќност како и Европските верзии. Тоа би било интересно, нели? Кој не би сакал поголема моќност.

Последен пат кога зборувавме за Ninja моделите беше во 2016 година. Тогаш напоменавме дека 2016 Kawasaki ZX-10R е следниот чекор во развојот на супербајк моделите. Прилично храбра објава но стоиме зад тоа што го кажавме. Но можеби со новиот модел и додатокот за намалување на емисијата на штетни гасови, гледаме нова еволуција.

Ако слушнеме нешто ново за ова, а тоа сигурно ќе се случи во следниот период, секако дека ќе ве информираме.

Би можело да ве интересира

Станува збор за програма за изнајмување на мотоцикли која ќе биде достапна на сите продажни места на BMW.

„Можеби некои од шефовите во Yamaha ќе го погледнат бројот на порази и ќе прашаат зошто е тоа така“, Валентино Роси

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!