motori vis_header_f700gs_red_appleКако замена за F 650 GS оваа година се појавува моделот F 700 GS.  Придвижуван од преработениот агрегат од 798 кубни сантиметри (иако има ознака 700), F 700 GS добива солидно подобрување како во коњските сили..

vis header_f700gs_red_apple

Како замена за F 650 GS оваа година се појавува моделот F 700 GS.  Придвижуван од преработениот агрегат од 798 кубни сантиметри (иако има ознака 700, истиот агрегат е монтиран на моделите F700GS и F800GS), F 700 GS добива солидно подобрување како во коњските сили така и во њутан метрите над 4000 вртежи во минута.

Иако означен со ознаката „GS“ F 700 силно се фокусира на урбаната мобилност, со запазување на перформансите битни за секојдневна употреба, како што се дуплите предни дискови, ABS системот и рестирилизираниот изглед!

Други промени се забележуваат во новото ветробранско стакло и новиот дизајн. Како опција можете да добиете и електронско подесување на суспензијата или Electronic Suspension Adjustment (ESA), како и контрола на пролизгувањето преку Automatic Stability Control (ASC). Како дополнителни опции можете да добиете и комфорт пакет кој вклучува (он борд компјутер , греачи на рачки , држачи за куфери и централен штендер)

Главни спецификации за BMW F 700 GS:

  • Моќност: 75кс
  • Зафатнина: 798цц
  • Максимална брзина: 192 км/ч
  • Просечна потрошувачка: 4.5 л/100км
  • Пренос: 6-степен
  • Висина на седиште: 820 мм
  • Меѓуоскино растојание: 1562 мм
  • Тежина: 209 кг
  • Цена: сеуште непозната

Доколку овој модел се појави на пазарот со конкурентна цена би можел сериозно да ја загрози офанзивата која ја најави HONDA со NC700X која освен со препознатливиот квалитет, примамува доста купувачи и со својата цена.

Back To Top