Мотоцикли

Aprilia RSV4 RF factory works 2018 ни доаѓа со аеродинамични крилца

Развива 215 коњски сили, легален е за возење по илица и за тркање, рачно е изработен од страна фабричките техничари и доаѓа со аеродинамични крилца.

Следете нè на:

 

Работната програма на Aprilia отсекогаш била импресивен дел од целосната постава на Noale, тие го нудат Aprilia RSV4 R FW-GP кој развива 250кс на секој кој може да си го дозволи (160.000 евра). Но за оние од нас кои мораме да работиме за да преживееме, можеби Суперсток верзијата на Aprilia RSV4 RF за 2018 ќе ни биде доволна. Развива 215 коњски сили, легален е за возење по илица и за тркање, рачно е изработен од страна фабричките техничари и доаѓа со аеродинамични крилца.

eicma 2017 1 199 Aprilia RSV4 RF factory works

Aprilia во извештаите за новинарите го преферира изразот „aerodynamic appendages“, но сите знаеме за што зборуваат. Развиени од страна на Aprilia Racing за нивната MotoGP програма, сега и вие можете да имате корист од нивната аеродинамика. Меѓу останатите додатоци се и новите клипови, тркачки издув од Акрапович и „regenerated control unit“ – сето ова е одлично за моторот со моќност од 215 коњски сили.

Кај SSTK1 пакетот, тежината е намалена за дури 10 килограми. Тој има Литиум – Јонски акумулатор, нов резервоар за гориво како и јаглеродни и алуминиумски делови низ целиот мотоцикл.

Сеуште не е позната цената на овој модел во Македонија, но очекувајте информации по завршувањето на саемот во Милано.

Би можело да ве интересира

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Не сите модели кои ќе ги видиме на Intermot имаат нова технологија, неколку мотоцикли за 2019 година добија само нова боја.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.