- Банерот е успешно зачуван
- Напишано од: Motori.com.mk
Членот на МК Александар од Скопје, Тодор Христов ќе биде првиот учесник со македонска лиценца кој ќе настапува на најпрестижното светско рели – Дакар 2013.
Членот на МК Александар од Скопје, Тодор Христов ќе биде првиот учесник со македонска лиценца кој ќе настапува на најпрестижното светско рели – Дакар 2013.
Претставникот на Мотоциклистичката федерација на Македонија и МК Гого, Игор Спиров го постигна досега најголемиот успех на македонски натпреварувач во рамките на отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки.
Со последната трка од Европскиот Шампионат во супермото одржана изминатиот викенд во Сакарија, Турција на патеката Кенан Софуоглу, која е во сопственост на двократниот светски шампион во Супер Спорт, Кенан Софуоглу, заврши Европскиот Шампионат во супермото, во кој шампионат се натпреварува нашиот Слободан Ивчески.
Претставниците на Мотоциклистичката федерација на Македонија, а воедно и наши најдобри мотокросисти Христиан Илиоски и Гоце Томовски постигнаа исклучителен успех на натпревар од отворениот грчки шампионат во мотокрос кој се одржа на 16 септември на патеката „Птолемаида“ (Каљари) во Грција.
Престојниов викенд во Вранско, Словенија во организација на Авто-Мото Сојузот на Словенија се вози претпоследната трка од Европскиот Шампионат во супермото, на која ќе настапи нашиот натпреварувач Слободан Ивчески, во најсилната класа до 450 кубни сантиметри, со својот мотоцикл КТМ.
На четвртиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос кој ќе се одржи на 15 јули на патеката Глобаре крај Крушевац (Србија), МФМ за прв пат ќе ја претставува комплетен тим со натпреварувачи од класите МХ65, МХ85, МХ2 и МХ1.
На четвртиот, претпоследен натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки кој ќе се одржи викендов на патеката Истанбул парк во Турција, МФМ ќе ја претставуваат пет натпреварувачи.
На третиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос ќе се одржа на 8 јули на патеката крај Хасково во Бугарија, МФМ ја претставуваа нашите најдобри натпреварувачи, Христиан Илиоски и Гоце Томовски и дебитантот Фазли Ислами сите во најсилната класа МХ1.
На третиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос кој ќе се одржи викендов на патеката крај Хасково во Бугарија, МФМ ќе ја претставуваат нашите најдобри натпреварувачи, Христиан Илиоски и Гоце Томовски.
Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски во рамките на седмиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос во класата МХ3 за 2012 година кој се одржа на 1 јули на патеката во Шенквице, Словачка успеа во второто возење да стигне до 20 место и освои 1 бод со што испиша нова страница во македонскиот мотоциклизам. Имено тој е прв македонски учесник во натпревар од Светскиот шампионат кој освоил бод.
Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски ќе ја претставува Македонија и Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на седмиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос за 2012 година кој ќе се одржи на 1 јули на патеката во Сенквице, Словачка.
Претставниците на МФМ, Игор Спиров (Сузуки) и Сашо Николов (Јамаха) ги освоија осмите места во своите класи на третиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки кој се одржа изминатиот викенд на патеката Истанбул Парк во Турција.