Христијан Илиоски - Кико се враќа од трката во Источно-Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се возеше во Самоков (Бугарија) со пехарот за второто место откако забележа една победа и едно трето место на трките!

Христијан Илиоски - Кико се враќа од трката во Источно-Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се возеше во Самоков (Бугарија) со пехарот за второто место откако забележа една победа и едно трето место на трките!

148764 842096375802120 7157498747195428868 n

Викендов на патеката Самоков во Бугарија се возеше трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос од која нашиот Христијан Илиоски - Кико се враќа со пехарот за освоеното второ место. Успехот на Илиоски доаѓа по победа на првата трка и трето место на втората, а добива на тежина ако се знае дека само една недела претходно доживеа тежок пад на тренингот.

Илиоски имаше куси подготовки пред трката во Бугарија на кои доживеа пад во кој за среќа се извлече без посериозни повреди, а за тежината на падот говори и неговата скршена кацига. Кико заедно со својот тим отпатува за Самоков со надеж дека успешно ќе ја завршат трката со цел водечкиот во шампионатот, Романецот Адријан Радута да не се одвои премногу во генералниот пласман, но Кико покажа дека кога се сака се се може.

Резултатот на првиот тренинг за Кико беше слаб, но затоа пак на вториот тренинг тој успеа да ја намали разликата, за да на квалификациите забележи најдобро време со предност од 2,6 секунди пред Ардута. Првата трка на Самоков беше одлична за Илиоски, тој успеа да победи во конкуренција на 17 возачи и притоа да има предност од 7,7 секунди пред Радута. Сепак недоволната рехабилитација по падот си го зеде своето па така темпото на втората трка, посебно техничкиот свиок по стартот во Самоков го направи своето па Илиоски заврши на третата позиција, успех кој заедно со победата на првата трка му го донесоа пехарот за второто место во Бугарија.

За Кико ова е уште еден успешен настап на Источно-Европскиот шампионат во мотокрос во кој се наоѓа на втората позиција во генералниот пласман, битката за титулата Источно-Европски шампион продолжува на 14.09 во Тројан (Бугарија), потоа следува трката во Прилеп на 21.09, а до крајот на шампионатот остануваат уште две рунди, 19.10 во Молдавија и 02.11 во Бурса (Турција).

Back To Top