motori kiko-motokrosНа третиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос ќе се одржа на 8 јули на патеката крај Хасково во Бугарија, МФМ ја претставуваа нашите најдобри натпреварувачи, Христиан Илиоски и Гоце Томовски и дебитантот Фазли Ислами сите во најсилната класа МХ1.

kiko-motokros 

На третиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос ќе се одржа на 8 јули на патеката крај Хасково во Бугарија, МФМ ја претставуваа нашите најдобри натпреварувачи, Христиан Илиоски и Гоце Томовски и дебитантот Фазли Ислами сите во најсилната класа МХ1.

Илиоски на првите два натпревари настапуваше во класата МХ2, но после одличните настапи во рамките на Светскиот шампионат (Хрватска, Словенија и Словачка) во изминатиот месец, одлучи сезоната на меѓународен план да ја продолжи со мотоцикл КТМ од класата МХ1.

Во првата трка Илиоски успеа да заврши како трет зад водечките од генералниот пласман Николај Јовчев (Бугарија) и Валентин Радуца (Романија). Томовски се пласираше на 9 место, а Ислами стигна до 14 место.

goce-tomovski

За жал во второто возење Илиоски мораше да се откаже од борба за подиумиот и поради технички проблеми со мотоциклот се откажа. Томовски со подобар настап се проби на 6 место, а Ислами заврши како 12. Повторно најдобри беа Јовчев и Радуца, а трет беше Тодор Тотев (Бугарија).

После 3 од 7 предвидени натпревари, Томовски е на 4 место со 90 бодови зад Јовчев со 140, Радуца со 122Тотев со 99 бодови. Илиоски е на 12 место со 28 бодови, а дебитантот на меѓународна сцена Ислами е на 20 место со 16 бодови.

Следниот натпревар во овој шампионат е на 15 јули на патеката Глобаре крај Крушевац во Србија.

Извор: „МФМ“

Back To Top