Патеката Долна Митрополија во Плевен (Бугарија) ќе биде домаќин на третата трка од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на која ќе настапи нашиот Игор Спиров - Зизи.
Патеката Долна Митрополија во Плевен (Бугарија) ќе биде домаќин на третата трка од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на која ќе настапи нашиот Игор Спиров - Зизи.
Единствениот претставник од Македонија во Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам викендов ќе ја вози третата трка во сезоната. Игор Спиров кој настапува во класата SBKS600 во моментот е на петтата позиција во генералниот пласман.
Со оглед на тоа што во земјава нема трки со мотори, последна подготовка за Зизи беше трката од српскиот шампионат на патеката Краљево.
Во генералниот пласман по две извозени трки Спиров има 23 бода, еден бод помалку од Павел Драганов (Бугарија). На третата позиција е Далибор Милетич (Србија) со 28, а на втората е Спас Панев со 29 бода. Водечки во моментот е Бугаринот Пламен Петров кој забележа две победи на двете трки до сега.
По трката која викендов се вози во Плевен, остануваат уште две трки во календарот, една во Србија која требаше да се вози на патеката Батајница, а за која во моментов сеуште нема алтернативна патека, како и последната трка во Серес за која исто така е неизвесно дали ќе се вози заради состојбата на асвалтот на патеката.