Викендов на мотокрос патеката во Кожани, Грција, се возеше трка од отворениот грчки шампионат на кој учествуваа тројца наши претставници.

kiko-kozani-2

Викендов на мотокрос патеката во Кожани, Грција, се возеше трка од отворениот грчки шампионат на кој учествуваа тројца наши претставници.

Христијан Илиоски - Кико го освои второто место на трката од отворениот грчки шампионат во мотокрос која викендов се возеше во Кожани.

Одличната патека беше подготвена за 30-на мотоциклисти кои си ги одмерија силите во класите MX1, МХ2 и МХ3. Во класата МХ2 нашиот претставник Христијан Станкович го освои 14-то место од 21 возач, додека пак во класата МХ1, Гоце Томовски финишираше на 8-та позиција од 14 возачи, а Христијан Илиоски беше втор.

Бројната публика можеше да ужива во мајсториите на возачите на уште една од многуте трки во грчкиот шампионат во која конкуренцијата е навистина голема. За Кико ова беше одлична подготовка за следната трка од Источно-Европскиот шампионат која се вози во недела во градот Бузо, Романија.

Да потсетиме Кико на првата трка од Источно-Европскиот шампионат во Грција заврши на третата позиција, а на втората во Турција се избори за втората позиција и во генералниот пласман се наоѓа на третата позиција со заостанување од 5 бода зад второпласираниот Тотев од Бугарија, и 10 бода зад романецот Радута.

Back To Top