Претставникот на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ), Слободан Ивчески го освои петтото место на првиот натпревар од Европскиот и отворениот Источно-Европски шампионат во супермото што се одржа на 12 мај на патеката во Арад, Романија.

65597 10151242956167185 864523197 n

Претставникот на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ), Слободан Ивчески го освои петтото место на првиот натпревар од Европскиот и отворениот Источно-Европски шампионат во супермото што се одржа на 12 мај на патеката во Арад, Романија.

Одличниот пласман на Ивчески беше доволен МФМ да стигне до третото место во екипна конкуренција. Со овој трофеј македонскиот мотоциклизам само го потврдува успешниот почеток на сезоната и досега се освоени пехари во сите дисциплини во кои настапуваат македонски натпреварувачи: мотокрос, кружни патеки и супермото.

Покрај натпреварот во Романија до крајот на сезоната преостануваат и две трки во Бугарија и една во Словенија. Титулата од минатата година ја брани победникот на трката во Арад, Ангел Каранјотов од Бугарија.

Извор: „МФМ“

Back To Top