Драган Ванов, возачот на МК Мото Велес викендов ќе настапи на првата трка од БМУ Европскиот шампионат во Ендуро.

На првата прка од БМУ Европскиот ендуро шампионат кој ке се одржи на 1-2 април, во Себис Романија, Македонија ќе има свој преставник. Драган Ванов кој ке настапи во Е1 јуниор класата до 250 кубика.

Трката е искучително тешка и напорна, ќе се вози два натпреварувачки дена, секој ден по три круга од по 50 километри, а во секој круг се вклучени по два теста ендуро и крос тест на кои се мери времето и е битно да имате што е можно подобро време. Станува збор за трја од 300 километри по екстремно тешки и напорни терени.

vanov enduro

Имајки предвид дека Романија е центар на екстремното ендуро и нивото на возаците, може да се очекува многу тешка трка како за моторот така и за возачот. Драган ќе вози со своето KAWASAKI KXF 250, кој за да има право да учествува мора да биде регистриран, да поседува зелен картон, посебни спецификации за ендуро (18' заден бандаж, FIM competition ендуро гуми ,и др.)

За да биде моторот што поконкурентен, опремен е со специјални внатрешни гуми (Michelin Bib Mousse Flat-Proof Competition Foam Tube) гуми кои не можат да се дупнат. Гуми без кои не може да се издржи ни десет минути на патеката. Моторот е опремен со тркачка електроника со подесиви мапи зависно од теренот, специјални BUD racing трокути и многу други додатоци кои се важни за овој спорт.

enduro vanov

Во тимот кој ќе биде подршка за Драган се Ванов Сашко и Горан Тасиќ. Од Драган очекуваме добар резултат и успех и му посакуваме среќа на првата трка.

Првата трка од вкупно 3 се вози викендов, а календарот за 2017 изгледа вака:

БМУ Европски шампионат во ендуро 2017
Трка Датум Патека Земја
1 01-02 април Себис Романија
2 14-15 октомври Скопје Македонија
3 Треба да се потврди Треба да се потврди Грција
Back To Top