MK мотоциклисти на меѓународни трки

Бузалковски продолжува да доминира во 125, нова победа и трето место во Романија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Следете нè на:

 

Македонија имаше двајца претставници на 4-та рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. На патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од шампионатот. Во класата SP125 и F600 настапи Христијан Бузалковски (МК Ендуро Тим - Водно Скопје), а во класата F1000 го проследивме актуелниот шампион - Слободан Ивчески (МК Сакамото).

35473191 10211720849288774 5792991158007234560 nБузалковски и Ивчески пред почетокот на трката | Фото: Sakamoto (FB)

Бузалковски на првата трка во класата SP125 се соочи со проблеми со менувачот. Тој изгуби два круга обидувајќи се да го санира проблемот па на крајот успеа да заврши на третата позиција што е за секоја почит. На втората трка во оваа класа тој доминираше и заслужено го освои првото место.

Во класата F600 тој продолжува со одличните резултати. Во класа во која мотоциклите на конкуренцијата се на ниво погоре од неговиот тој дојде до петото место. Успехот го повтори и на втората трка, забележувајќи вредни бодови во почетничка сезона во оваа класа.

Слободан Ивчески кој е актуелен шампион во класата F1000 продолжува со успешните настапи во серијата. Тој од Романија се враќа со две четврти места и 32 поени на своето конто кои го зацрврстуваат на третата позиција во генералниот пласман. Ивчески се натпреварува со стар мотоцикл кој не е доволно конкурентен, се надеваме дека наскоро ќе дојде до нов мотоцикл со кој ќе може да го покаже сиот свој потенцијал.

Следните трки од шампионатот се возат на 7-ми и 8-ми јули на патеката Серез во Грција. Воедно тоа ќе бидат трки кои ќе се бодуваат за шампионатот на Македонија во брзински мотоциклизам.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.