Бузалковски активно се подготвува за новата сезона и предизвикот кој го очекува, по вториот тренинг тој вели дека почнува да гради врска со новиот мотоцикл.

Христијан Бузалковки - Бузо (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) минатата недела го оддржа вториот приватен тренинг пред почетокот на сезоната на кој присуствуваше заедно со својот тим. Веднаш по тренингот успеавме да земеме изјава од Бузалковски и од претседателот на клубот Владимир Димов.

IMGP9928

„Конечно почнавме да градиме една посериозна врска со новиот мотоцикл, и морам да признаам дека сум пресреќен поради тоа. Потребно е време за да се навикнам на новиот мотоцикл, и искрено мислев дека ќе ми треба подолг временски период, но благодарение на мојот тим, ги забрзуваме работите колку што можеме. Секако пред почетокот на сезоната ќе направиме уште два тренинга, и мислам дека ќе бидеме спремни за почетокот на сезоната во новата класа!“ - изјави Бузалковски за мотори.ком.мк

„Среќни сме што имаме возач како Бузо во нашиот тим, млад, амбициозен, талентиран и пред се желен за што е можно поголем успех, со него сме уште од самиот старт и се надеваме дека така и ќе остане. Вториот тренинг помина во одлична атмосфера, нашиот возач полека но сигурно почнува да се зближува со мотоциклот, и според тренинзите и времињата кои ги направи, се надеваме дека уште од самиот старт ќе бидеме конкурентни. Сите заедно напорно работиме на предсезонските тестови, и мислам дека се ке биде како што треба, следниот тренинг е веќе закажан за следната недела, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите, а до тогаш тркачки поздрав од Ендуро Тим Водно“ - дополни Димов

Back To Top