Сите оние кои го прифатиле моторџискиот начин на живот, чувствуваат неодолива привлечност за возење на своето милениче на две тркала... од оваа страст често знаат да се „заразат“ и нашите деца.

Од лично искуство знам дека моите деца обожаваат да се возат, можеби и повеќе од мене! Сакам да ги повозам и да го споделам тоа убаво искуство со нив, но сепак има неколку работи кои треба да се земат во обзир пред да ги качите вашите деца на мотоцикл.

moto-grip-child-safety-harness

Заштитна облека
Иско како и за нас и децата треба да се облечени во заштитна облека за на мотор. Добра околност е што неколку од специјализираните брендови за моторџиска опрема почнаа да произведуваат заштитна облека за деца. Секојпат кога ги качувате на мотор осигурајте се дека се соодветно облечени, па така доколку не сте во можност да набавите „моторџиски“ алишта, осигурајте се барем да носат долги панталони (тексас), јакна со долги ракави (тексас или кожна), ракавици со цели прсти, добри и квалитетни чевли, и добра кацига со соодветна големина и сертифицирана за квалитет и сигурност. Сите овие работи можете да ги набавите во нашите продавници за мотори и мото опрема, или преку интернет.

Можеби звучи чудно но едно важно парче на опрема за возење се пар квалитетни очила за сонце. Неодамнешните истражувања покажале дека колку порано децата започнуваат да носат наочари за сонце толку помалку имаат проблеми со видот и очите во подоцнежниот дел од животот. Оштетувањето на видот е кумулативана состојба која се зголемува од година во година. Сончевото ултравиолетово (UVзрачење може да биде доста штетно за незаштитените очи, и скоро полаовина од експозицијата на UV зрачењето се случува пред 18-тата година од животот. Младите очи пропуштаат повеќе UV зраци и добиваат поголема изложеност, исто така децата поминуваат повеќе време надвор и тоа најчесто без никаква заштита. Изложеноста на сончева светлина во младите години по според сите истраживање се покажа дека е клучен фактор во добивањето на рак на окото. Добрата вест е дека квалитетни наочари за сонце за деца денес се лесно достапни во скоро сите специјализирани продавници, а може да се најдат и квалитетни кациги со мал број (XS, XXS) кои имаат вградени очила.

Комфор на патникот
Најчесто ногарките за совозачот се сетирани за совозач со нормална големина и дефинитивно не се соодветни за возење на деца. Морате да се погрижите детето да има добра и цврста потпора за нозете. Син ми на пример ги користи држачите за страничните куфери како потпирачи за неговите нозе, а ќерка ми само што започна да ги користи регуларните потпирачи за нозе. Некои моторџии дури и монтираат ногарки со можност за подесување на висината за подобра удобност и сигурност на сопатниците. Доколку сте во можност направете го ова, не штедете средства за безбедноста на вашето дете!

Патнички правила
Осигурете се дека вашиот млад сопатник ги знае и ги разбира правилата и советите за сопатници. Погрижете се да знаат каде треба да се држат, дека не треба да прават нагли движења и да знаат дека треба да седат мирно на седиштето. Ова се вообичаени правила кои важат и за возрасни сопатници но важно е кога се работи за деца овие правила да им се објаснат на начин разбирлив за нив.

Одговорности на мотоциклистот

 6415723701 7b77581e23_b 
Кога возите дете со вас на мотор мора повеќе да внимавате на него бидејќи децата имаат тенденција повеќе да мрдаат за разлика од возрасен сопатник. Тие често си играат кревајќи ги рацете во воздух (како божем ние никогаш не го правиме тоа). Од лично искуство знам дека децата повеќе зборуваат за разлика од возрасните сопатници и повеќе се возбудуваат од работите што ги гледаат додека се возат.

Бидете свесни дека мирното брмчење на вашиот мотор има тенденција да ги успива сопатниците. Оваа е поголем проблем кај децата сопатници затоа што тие се полесни и неможеме да ги почуствуваме нивните движења и затоа што кај нив има поголем простор помеѓу возачот и нив па лесно може да се случи детето да падне на страна, затоа треба да внимаваме постојано на нив и да се трудиме да им ја задржиме концентрацијата.

Децата се возат зад вас
201108192021-404x600Без разлика на типот на мотоцикл со кој ќе го возите вашето дете според сите истражувања подобро е детето да биде седнато зад вас.

Иако на многумина им изгледа посигурно детето да го седнат во скут односно во делот помеѓу резервоарот и нивното седиште, сепак во случај и на најмала незгода или лизгање на моторот детето ќе биде побезбедно и шансите за сериозна повреда се значително помали доколку детето е седнато зад вас.

За помалите дечиња на интернет можат да се најдат т.н. Moto-Grip појаси кои овозможуваат потпора на детето и сигурносен појас кој го врзува за возачот.
201108192012
 

Back To Top