Корисни текстови

Погледни два пати, спаси живот? Ма немој да ме је*еш бре.

Коментар за она што требаше да биде достоинствен протест за подигнување на свеста кај останатите учесници во сообраќајот за мотоциклистите.

Следете нè на:

 

Пред се би сакал да упатам благодарност до МФМ, до сите клубови и до сите поединци кои ја поддржаа акцијата. Одзивот беше одличен, поголем од очекуваното, и навистина сум среќен за реализираниот настан. Она за што жалам е дека и покрај сите апели и повици за начинот на возење, едноставно некои луѓе не сакаат да разберат што се трудиме да постигнеме. Толку ли беше тешко да се запомни „возење во една лента, по двајца во колона, без брзање, нема потреба од претекнување, да направиме што е можно поголема колона и достоинствено да покажеме дека сме присутни во сообраќајот“?

DSC 0928Ех да беше се убаво како сликава...

Во јавноста ние сме тие кривите, ние сме оние што „треба да се утепаат“. Тоа е така затоа што мала група на возачи ги малтретираат жителите на градот, од турирање под прозор во 2 ноќе, до возење со 200 по партизанска. Дечки и девојки, не е 63-та, 2018-та година сме, многу одамна секаде во Светот помина времето на глумење лудило со моторите. Дајте да не бидеме индијанци, возете прописно, почитувајте ги правилата и прописите ако сакате да Ве почитуваат и вас. Супер е тоа што бараме поголема свесност кај останатите учесници, затоа што да, има такви кретени од возачи за кои било каква казна е мала, освен стрпување во затвор. Но ајде да почнеме од самите себе си, од блиските наши, да им кажеме дека ова вака веќе не иде!

Под секој текст за настрадан моторџија пола од коментарите се дека така му требало и дека моторџиите се криви, иако во најголем дел од случаите ние сме оние кои страдаат заради невнимание на останатите учесници во сообраќајот. За да го промениме јавното мислење не е доволно само да се расправаме по коментари кој е во право, а кој не е. Знам дека имате брзи мотори, дека пола град е Роси или Маркез, ама има каде треба да се покаже тоа. Во Македонија наскоро ќе започне изградба на тркачка патека, верувале или не, ќе имаме две стази, една во Скопје и една во Кавадарци. Во меѓувреме ете каде е Серез, 300км од Скопје, таму можете да покажете се што знаете. Ако е далеку и трошок, правете вожњи надвор од урбаните средини, уживајте си и оставете го градот убав да живее.

За крај, се надевам дека настанот ќе прерасне во традиција, со променет датум, порано од сегашниот, да биде на еден начин отворање на мото сезоната, ставање до знаење на сите учесници во сообраќајот да внимаваат повеќе, да погледнат два пати, да спасат живот. Настан кој во иднина би требало да се одржува во ист ден со почеток во исто време во секој град во Македонија. Се надевам и дека ова е прва и последна година на која имавме пример како не треба да се однесуваме во сообраќајот.

Благоја Мартиновски
уредник на мотори.ком.мк

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.