Корисни текстови

Мотоциклите се клуч за почист воздух

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Следете нè на:

 

Денеска е светскиот ден на чистиот воздух и асoцијацијата на производители на мотоцикли ги повика владите да ја признаат важноста која мотоциклите и скутерите ја имаат во намалувањето на загадувањето.

Тони Кембел, претседател на асоцијацијата сака да се направи многу повеќе со цел луѓето да се префрлат на превозни средства со две тркала.

„Воопшто нема никакво сомневање, новите и иновативни превозни средства ќе решат многу од проблемите со кои се соочуваат возачите, а многу од нив ќе дојдат од производителите на мотоцикли.“

t max

„Потребно е владите и локалните власти да бидат отворени за можностите и да ги поттикнуваат луѓето да користат помали превозни средства кои исто така имаат и помало влијание врз загадувањето.“

Лошиот квалитет на воздухот е сериозен проблем, а според проценките на Светската Здравствена Организација, Велика Британија тоа ја чини околу 54 милијарди фунти и допринесува за смртта на 29,000 луѓе годишно.

Во моментов има 248 мотоцикли и скутери кои го исполнуваат строгиот  Euro 4 стандард, што значи дека емитуваат само 75г/км јаглерод диоксид или помалку. Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!