Основно практично правило за почетнички мотор е: два или помалку цилиндри и не повеќе од 750cc. Секој мотор кој е според овие упатства е одличен мотор за почетник..

Основните работи на прво место - пред да купите мотор!

Пред воопшто да помислите на вашиот прв мотор, не заборавајте дека потребно е да имате возачка дозвола од А категорија за да можете да управувате со него и секако да си купите опрема.

Во однос на опремата : минималната опрема што треба да се има е: КАЦИГА, ЈАКНА, РАКАВИЦИ И ЧИЗМИ. Оваа опрема треба да ја имате секогаш кога сте на мотор. СЕКОГАШ!  Да се вози мотор е опасно и секогаш постои ризик за несреќа, дури и кога нема да погрешите ништо. Заштитете се себеси.  Нема потреба премногу да трошите, но имајте ја во предвид онаа народната –Колку пари, толку музика. Веќе пишувавме за опремата, прочитајте го текстот повторно и осигурете се дека ги имате барем основните работи. Исто така, осигурете се дека се што ќе купите има DOT сертификат , и дека се е прецизно наменето за мотоцикл.

КАКОВ МОТОР Е СООДВЕТЕН ЗА ПОЧЕТНИК?

Основно практично правило за почетнички мотор е: два или помалку цилиндри и не повеќе од 750cc. Секој мотор кој е според овие упатства е одличен мотор за почетник. Веројатно да се набројат ќе биде многу покорисно. Највообичаените спортски мотори за почетници се следните: Honda CBR 125/250, Kawasaki Ninja250/Ninja650, Suzuki GS500 или Suzuki SV650. Постојат и други но засега овие најлесно се наоѓаат и се најсоодветни во однос на цена/перформанси. Секој од набројаните мотори има свои добри и лоши страни но затоа пребарајте малку и најдете го оној кој најмногу ви одговара вам и на вашиот буџет.

Ако немате многу пари за трошење купете половен мотор. Има две причини зошто тоа е подобро. Прво: половните мотори ја држат  својата цена подолго, па за една година ќе можете лесно да го продадете приближно за цената за која сте го купиле. Второ: вашиот прв мотор сигурно ќе ви падне. Тоа може да се случи на 80км/ч или на 5, или пак на семафор, но сепак ќе се случи, а вие секако дека ќе се чувствувате ужасно да си го оштетите или изгребете вашиот нов мотор кој сеуште го исплаќате.  Затоа купете користен мотор кој веројатно има некоја гребаница и кој штом ќе го испуштите само го кревате и продолжувате да возите.

2012-honda-cbr600rr-2_1280x0w

„БИ САКАЛ ДА ПОЧНАМ НА CBR/GSX-R/R6/ZX-6R/ ИЛИ СЛИЧЕН СУПЕРСПОРТ МОТОР!

Никако! Едноставно не правете го тоа. Не ни помислувајте. Овие мотори се нешто повеќе од тркачки мотор со светла, создадени се веднаш да реагираат на секоја наредба на возачот. Овие мотори не толерираат грешки, а како нов возач СИГУРНО ЌЕ ПРАВИТЕ ГРЕШКИ!

ЕДНОСТАВНО НЕ СТАНУВА ЗБОР САМО ЗА БРЗИНА И КОЊСКИ СИЛИ!

1. Моторите со 4 цилиндри имаат огромна снага и достигнуваат високо ниво на вртежи во минута, што значи дека имаат остра линија на забрзување. Твин-моторите имаат линеарен пренос на сила, што би значело дека ќе добиете иста реакција од моторот на 3500 и на 8000 вртежи во минута. Моторите со четири цилиндри се генерално слаби при низок вртежен момент, но многу се моќни при зголемен број на вртежи во минута. Тоа значи дека моторот различно ќе реагира при повеќе гас во различни ситуации.

2. Туражата реагира грчевито, како резултат на бројни дизајнерски карактеристики како лесниот замаец и самата изведба на гаста. Суперспорт моторите забрзуваат екстремно брзо, а исто и брзо реагираат на промените на позицијата на гаста. Тоа значи дека ако налетате на дупка што ќе ја потресе вашата десна рака ќе се создаде значително поголема снага, или пак ако притиснете повеќе гас при менување во помала брзина и го испуштите кумплунгот, ќе се создаде неконтролирано пролизгување сред сообраќај.

3. Амортизацијата кај овие мотори е со еден збор вчудоневидувачка. На патеката треба да изберете една линија крај ќошот и да се држите до неа, а суперспорташите се дизајнирани да ја следат таа линија како да се движат по шини. Не сакаат менување насока од средина на аголот. Тоа значи дека не се погодни за нагли вртења околу дамка од масло на патот или нагло вртење зашто не сте го виделе порано отпадот крај патот.

4. Кочниците се екстремно силни. Доволно силни да го закочат предното тркало и да го превртат моторот или да ги заглават и двете тркала, а со тоа да предизвикаат пад на моторот.

Сите овие елементи склопени во еден мотор и фактот што нов возач е на моторот е рецепт создаден за несреќа. Нов моторџија НЕ ЗНАЕ ШТО ПРАВИ и треба да научи да се справува со грешките кои ги носи неискуството. Исто така и осигурувањето на овие мотори е поскапо отколку кај соодветните почетнички мотори. Цените за каско осигурување се драстично поголеми за спортските мотори, а истото се однесува и на регистрациите. За мотор од 1000цц треба да одвоите околу 200евра за обична годишна регистрација, без каско!

HONDACBR600F4_

Обрнете внимание и на тоа дека ниту старите 600-ки не се ништо подобри за почетник. Моторите како CBR600 F4 и постарите (пр. 2000-та)  GSX-R, и  ZX-6R можеби не се моќни како најновите но ги имаат истите карактеристики кои суперспорт моторите ги прават несоодветни за почетници.  Секој мотор кој е на врвот  во класата спортски мотори треба да се избегнува.

Можеби не сте сеуште убедени, или имате свои причини да почнете на суперспорт мотор.

„МОЈОТ ПРИЈАТЕЛ ПОЧНА НА 600 (ДУРИ И НА 1000-ка) И СЕУШТЕ Е ЖИВ!“

Целта на вашиот прв мотор не е „преживување“ туку како да станете вешт и способен возач. Не е логично да се каже дека ако се почне на суперспорт мотор тоа е гаранција за сигурна смрт. Но тоа го зголемува ризикот за несреќа повеќекратно, па дури и ако не се судрите сепак ќе бидете многу лош возач. Вешт возач на 250цц лесно ќе го надмине лошиот „моторџија“ на 600-ка на пат со кривини, бидејќи премногу е тешко да се научи соодветното возење кога се концентрирате на преживување. Ниту еден светски успешен тркач со мотор не почнал со 600ка тркачки мотор.

squid232

„ТИЕ МАЛИ МОТОРИ НЕ СЕ НИТУ МОДЕРНИ НИТУ УБАВИ“ или „ДРУГАРИТЕ ЌЕ МИ СЕ СМЕАТ АКО НЕ ПОЧНАМ СО 600-ка“

Ако изгледот е причина за да купите суперспорт мотор, треба сериозно да се запрашате зошто воопшто сакате да имате толку опасно и скапо хоби. Ако сакате да возите зашто ви изгледа забавно, единствено и незаборавно искуство, ќе мора да го одложите купувањето на моторот од вашите соништа за барем извесно време. „Вашиот прв мотор не е и последен“ –добро познато клише, но сосема точно. Ако сакате мотор само за да бидете кул и да ги импресионирате другите, тогаш воопшто не е важно што пишува тука. Да се вози брзо на прав пат не бара никаква вештина, а кружење околу трговски по сандали  уште помалку. Да се надеваме дека ќе ви се здосади и ќе го продадете моторот пред да се најдете во ситуација за која не сте спремни или да завршите мртов.

2012-honda-cb125r4-small

„МИ КАЖАА ДЕКА САМОКОНТРОЛА НА ГАСТА Е ДОВОЛНА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ СУДИР“

Кој и да ви го кажал ова е невиден морон. Ова обично е оправдување за да се почне со голем мотор, дури и да не се носи опрема. Веќе објаснив зошто суперспорт моторите не се добри за почетници , а и дека коњските сили не се единствена причина. Факт е дека и најсовршениот возач на светот секогаш се изложува на ризик. Сообраќајот може да е причина за несреќа исто колку и самиот шофер. Се што е потребно е некој возач на џип да не ве забележи само за 2 секунди и веќе во следниот миг веќе нема да бидете на мотор. Можеби невнимателно поминале на стоп-знак или пак зборувале на мобилен пред да се приклучат во вашата лента. Претпазливоста на возачот е клучна но и таа не е секогаш гаранција за избегнување несреќа. Носете ја цела своја опрема цело време.

„ШТО ВЕЛИТЕ ЗА 1000CC V-TWIN?

Линеарната линија на забрзување на твин моторите е одлична за почетници, но поголемите твинови создаваат драстично поголема вртежна моќ. Високо литражните твинови создаваат огромна вртежна сила која е доволна да направи сериозен проблем за нов возач. Проблем од типот на кревање на едно тркало во втора брзина заради додавање на гас. Тие не случајно ја споделуваат истата амортизација и кочниците со 4-цилиндричните мотори. Во секој случај твин мотор од 1000цц не е добар за почетник исто како и четвороцилиндричен мотор од 600цц.

Suzuki_SV1000S_03

„НЕ БИ САКАЛ ДА МОРАМ ДА ГО ПРОДАДАМ МОЈОТ ПРВ МОТОР ПО 1-на ГОДИНА ОТКАКО ЌЕ МИ ЗДОСАДИ“

Мотоциклизмот не е нешто каде ќе барате удобност. Немате простор за багаж, ќе се намокрите ако врне, мора да носите кацига цело време, ќе ви биде жешко и ќе ви студи. Зошто тогаш би морале да се двоумите за малата неудобност при продажба. Не би требало да ви се здосади. Има многу возачи кои возат Ninja250-ка  со години поради едноставноста и лесното управување, или се движат со 650цц твинови бидејќи тие се позабавни во секојдневниот сообраќај. Овие луѓе се повеќе од квалификувани да возат нови 1000-ки но не го прават тоа. Веројатно тие знаат некои работи што ти не ги знаеш. И повторно: твојот прв мотор не е твојот последен, биди трпелив.

„ЈАС СУМ ГОЛЕМ/ВИСОК ДЕЧКО, ОВИЕ МАЛИ МОТОРИ НЕ СЕ ДОВОЛНО МОЌНИ ДА МЕ ВОЗАТ НАОКОЛУ“

Освен ако не тежите повеќе од 200кг, ова воопшто не е важно. CBR 250-ка без проблем крева 130км/ч со возач и совозач! А што мислевте, дека задното седиште го ставиле во фабрика за украс? Ако еден мал мотор крева брзина за на автопат со две особи, тогаш вашата тежина не е оправдување за мотор од 600цц. Висината е веќе друга работа. Од лично искуство знам дека просторот за нозете на новиот 250R  не е доволен за некој висок околу 190цм. Мора да седнете на моторот пред да го купите. Ако сте висок барајте мотор како GS500E или SV650n или Дуалспорт-супермото. Во секој случај наменските суперспорт мотори ќе ви бидат дури и понеудобни, поради поставеноста на седиштето, рачките и потпирачите за нозе.

Fat-Man-Motorcycle

„СО КОЛАТА ЛЕТАМ ПО АВТОПАТ, МОЖАМ И СО МОТОР!“

Ова е најверојатно најлошиот аргумент за било што досега. Возење кола и мотор се две сосема различни работи. Со ова само барате изговори нели??

„ГО ПРОЧИТАВ СЕТО ОВА НО СЕПАК МИСЛАМ ДЕКА МОЖАМ ДА ПОЧНАМ НА 600-ка, ЈАС СУМ ВНИМАТЕЛЕН/ПОСЕБЕН/ОДГОВОРЕН/ ДОВОЛНО ПРЕКРАСЕН ЗА ДА ГО СТОРАМ ТОА“

Тука доаѓа моментот кога разговарате со идните „моторџии“, а ова посебно се однесува на „семафорџиите“, кога ви станува јасно дека некој сака да му се каже она што сака да го слушне. Тој веќе одлучил, а единствена причина што ги прашува другите е за да слушне „да..само напред“! Секој спротивен совет ќе биде игнориран. Не би знаел што друго да ви кажам. Да се почне со тркачки мотор не е добра идеја, но барем во Македонија имате право да си купите каков сакате мотор. Ако имате среќа нема да се слупате. Ако немате среќа може сериозно да се повредите или погинете и ќе станете дел од статистиката. Побаравте совет од оние што се поискусни од вас, па доколку горе напишаното не ви е доволно, игнорирајте го на ваша одговорност.

Back To Top