Во време кога цените на бензинот се екстремно големи, а градските метежи стануваат постојан проблем, останува да изнајдете начин како да го намалите трошокот за потрошувачката. Следуваат 10 совети за тоа како да ја намалите потрошувачката на вашиот моторцикл, сепак не заборавајте дека се зависи од тоа како го користите моторот.

1.) Секогаш моторот да биде сервисиран кај овластниот сервисер. Не заборавајте дека агрегатот кој се наоѓа помеѓу двете тркала е срцето на вашиот мотор. Најубав начин  да го зачувате здраво "срцето" на вашиот мотор  е да си водите сметка и редовно да ги извршувате наведените сервиси, напоменати во прирачникот за моторциклот или сервисната книшка.

2.) Еден од главните фактори кој влијае на потрошувачката е квалитетот на уљето кое се става во агрегатот. Секогаш користете уље кое произведителот на вашиот мотор ви го препорачува, доколку не знате што препорачуваат наш совет е да користите што поквалитетно уље и покрај тоа што е поскапо.

3.) Размислувајте како механички дел од моторот. Многумина од вас ќе се запрашаат како е можно тоа ?! Навистина лесно, замислете како би ви било да сте дел од моторот, а притоа некој ве малтретира до максимум. Затоа не го правете и вие тоа, едноставно давајте полека гас и моторот константно да ја зголемува брзината притоа потрошувачката на гориво ќе ви биде минимална. Исто така избегнувајте огромни варирања во брзината, па нагли кочења и сл. И да, возете според пропишаните правила на патот.

4.) Должината на изминатите километри зависи од состојбата на моторот, јачината но и од неговата тежина, на пример мотор кој тежи 150 килограми би изминал многу повеќе ќилометри за разлика од друг мотор кој е двојно потежок. Затоа наш совет: правилно изберете го моторот кој највеќе би ви одговарал, бидејќи покасно залудни би биле сите пребарувања и маки за да се намали потрошувачката. Доколку планирате да го користите моторот за одење и враќање од работното место, нема потреба да купувате брзинец со зафатнина од 1000цц.

5.) Бидете сигурни дека моторот го возите кога агрегатот е загреан. Стрпете се неколку минути пред да тргнете било каде, ова е посебно важно во ладните денови. Не постои возач кој не си го знае својот мотор кога му е загреан, и секогаш запаметете не загреаниот мотор троши многу повеќе одколку кога е загреан.

6.) Гумите немаат единствена намена да не "возат" низ асфалтните улици, и тие играат улога во потрошувачката на вашиот мотор. Секогаш внимавајте на притисокот на вашите гуми, пумпајте ги онолку колку што ви препорачува производителот според димензијата на гумата. Не ставајте поширока гума од она што е препорачано, можеби ќе изгледа подобро, но честопати моторот знае да биде помалку стабилен и сигурно ќе троши повеќе.

7.) Работата на моторот под мала гас влијае на потрошувачката на гориво. Доколку работата на моторот под мала гас не е како што треба, потрошувачката многу би ви се зголемила, проверете во прирачникот за вашиот мотор кој вртлив момент е идеален за вашиот мотор, најчесто границата се движи помеѓу 1000-1500 rpm.

8.) Секогаш избирајте го оној пат каде што има помалку гужва, семафори, легнати полицајци, работа на патот и др. Верувајте секогаш дека постои некој пократок пат, па зошто да не го искористите и заштедите време и гориво се разбира.

9.) Гасете ги моторите кога ќе наидете на поголем застој, најчесто на семафор каде се чека повеќе од просечното или пак кога поминува некоја делегација, барем сега во ова време на напредна технологија моторите се палат со само еден допир на копче.

10.) Последно и најважно нешто е да бидете практични, запишувајте ја работата на моторот, потрошувачката, пробајте некој од овие трикови и повторно направите споредба, бидете истражувач на својот мотор.

Се надеваме дека со сите овие трикови ќе стигнете до позитивен успех,односно намалена потрошувачка и заштеда на вашиот мотор.

Back To Top