Во продолжени имате можност да го прочитате интервјуто кое екипата на motori.com.mk го направи со Зоран Јовевски, претседател на мото клубот "Мото Скопје"

Претставување

Јас сум Зоран Јовевски  роден 1962 год. Во Скопје, сопственик на фирмата Златна Рака, од Скопје,која се занимава со површинска заштита на метали,инаку среќно оженет и татко на две полнолетни машки деца. Со моторите се занимавам од  14 годишна возраст, со некоја пауза која се разбира доаѓа во периодот на женачка,мали деца,бизниси па финансиски проблеми и т.н.

Од каде кај вас желбата за мотор

Интересот за моето хоби (ќе го наречам, бидејќи се знаат како одат работите по важност во животот: семејството, куќа, работа па хоби) потекнува од другарите на мојот брат, кои како повозрасни на времето често навраќаа кај нас дома.

 

img_0564.jpg

Вашето лично мислење за моторот: потреба, луксуз, превозно средство или начин за докажување.

Мое лично мислење е дека моторот е посебна категорија на превозно средство, во кое возачот лесно се заљубува со самото чувство на снага и моќ што ги има под себе. Можеби и има тука некои примеси на самодокажување,но тие доаѓаат подоцна,кога веќе ќе почнете убаво да го владеете моторот. Јас во моментов возам ХОНДА- ГолдВинг мотор од 1500 кубни центиметри,тежок околу 400 кгр.кој важи за некаков врв во моторите, и би го споредил со еден РолсРојс кај Автомобилите.

А ме прашувате за  неостварен сон? Па како неостварен сон би го навел освојувањето(да го наречам) на ..Нордкап.. ,тоа е најсеверната точка на Европа,која моторџиите ја поистоветуваат со Монт Еверест за планинарите, или Кариби за нуркачите ако така сакате

Што велат за ова домашните, дали тие ве поддржуваат или учествуваат во овој начин на живот, некој спомена дека вашата сопруга е секогаш ваш сопатник на долгите патувања?

Точно  е.. мојата сопруга е мој совозач на сите патувања со моторот, ние сме толку извежбани како тим и секогаш меѓу првите сме товарени/растоварени на моторот. Секој си ја знае својата обврска околу пакувањето на работите,кое би го нарекол многу важна работа за еден моторџија-патник. Лесно е да се нафрлаат работите во автомобил, кај моторот е сосема подруго, и на секоја ситница треба да се внимава.

Дали оваа ваша желба влијае на вашите деца, возат ли тие нешто и дали вие ги подржувате во тоа.

Да,да..и двата сина сакаат да возат мотор, постариот е малку поразбран, си одбра автомобил, со желба кога ќе пораснел, сам да си купел мотор.. додека со помалиот кој веќе вози мал мотор, и годинава за прв пат ги извозе 1000 км. на Рели-Независност на Македонија, војна водиме околу изборот на појак мотор. Дете како дете, сака да скока по две скалила одеднаш..хахахахаха, ама јас сум тука да го советувам и му укажувам дека искуството се стекнува скала по скала.

img_2690.jpg

 

Дали себе си се препознавате како моторџија и ваше видување за истите.

По мене секој што вози мотор и е вљубен во тоа возило, е моторџија, со сваќања вакви-такви или онакви, секој оној што се качил на такво ризично возило заслужува себеси да се нарече моторџија. Е понатака веќе следуваат подкатегории да ги наречам, градски,меѓуградски,теренски,спортски хахаха

 ..... меѓутоа сите не поврзува онаа љубов спрема истото----- МОТОРОТ

Што мислите за жените моторџии, имаме ли тенденции да добиеме повеке жени моторџии и  дали мислите дека во иднина ке има и  женски мото клубови.

Жени моторџии ??? Зошто да не ? Што сме ние мажите посебни? Кога може да има жени кои скокаат со падобран, возат трки, војуваат.... па зошто не би возеле мотор? Јас сум сигурен дека секое женско што ќе посака да седне на мотор за да вози,ќе вози повнимателно и поумно од барем 50%  мажи барем од оние кои немаат мерка со алкохолот. А што се однесува до женски клубови.. 

Знам дека веќе има,..меѓутоа:Од кои причини би се двоеле? Зошто да не се возиме и дружиме заедно?

Знаеме дека сте претседател на клуб, како почна таа приказна, кој е виновен за Мото Скопје (вие сте еден од ретките што по кажувањата на вашите членови сте 100% посветени на клубот)

Така е, доста сум посветен на клубот, и токму заради тоа и почитуван во него (барем така чувствувам јас) другите треба да кажат.. хахаха.

 

 

Малку повеќе за клубот Мото Скопје (кога е формиран и по чија иницијатива, како се финансира и со што може да се пофали за овој период на постоење, колкаво е членството во него и дали е  вистина дека во него има само машки членови?)

Приказната за мото-Скопје е започната пред 19-20 год. од тогашните оснивачи. Тоа биле: Кизо,Аце-Пијано, покојни Игор со ГолдВингот (така ги знаат сите) и уште некои (нека ми простат за имињата) Во почетоците клубот повеќе се занимавал со натпреварите во мото-крос имото-рели, за тоа има освојувано многу клубски ипоединачни награди. Потоа следува да го наречам мирување на клубот, кога што 3-4 членови го одржуваат клубот во живот. Јас дојдов во клубот некаде 2002-2003 год. иповторно клубот станува актуелен, сега сме некаде 30-40 членови кои со својата членарина го правиме клубот да функционира онака како што функционира. Јас тоа го нарекувам едно големо семејство каде сите сме РОДНИНИ..хахахаха имаме во клубот Татко,Мајка,(мене и сопругата така не нарекуваат) хаха. и нормално другите се синови и снаи..

Се дружиме и приватно и службено(да го наречам) каде секој со својата професија може на некого да помогне. Знаете како е, разноврсни професии, и само треба некој да го стави проблемот на маса.. веднаш се наоѓа решение од некого.

За разлика од повеќето клубови кои се растурале или смалувале пред се заради финансиите и ривалствата внатре, во нашиот клуб  постои транспарентност во финансиите, додека ривалствата се незабележителни,дури и ги нема.

Од моето доаѓање во клубот, имаме освоено два-три клубски пехари за најбројни на Рели-Независност на Македонија,награди по разни собири во разни забавни игри,како и многу поединечни награди во дисциплината  спретно возење. ( во други не се натпреваруваме) Што се однесува до женски членови во клубот,ние нашите сопруги,девојки,љубовници.хахахха, ги сметаме за наши членови,со тоа што се ослободени од плаќање членарина.Додека женски членови-возачи сеуште немаме,од причина што до сега не побарале да се зачленат.

Уште еднаш ке потенцирам дека нашиот клуб постои само заради добрите дружби, заедничките возења и забави.

 

 

dscn0353.jpg

Моторџиите и клубовите кај нас не се многу афирмирани, некои ги поистоветуваат со некои странски клубови кои не се на добар глас, вашето мислење околу ова.

На ова би одговорил кратко и јасно: Разни луѓе разни табиети..Оние што се однесуваат како некои странски клубови..нека ги поистоветуваат така. Сигурен сум дека поголемиот дел од клубовите во Македонија не се од тој тип,и треба многу да работиме за да го смениме мислењето кај граѓаните,мислам на крводарителски акции,посети на деца со посебни потреби и други хуманитарни дела,кои годинава ги започнавме. За некои моторџии(мислам од оние странските) времето застанало во 60-тите, и сеуште така се однесуваат.

Малку повеќе за вашиот клуб и  вашата врска со Мото Федерацијата на Македонија (планови, желби, од кого очекувате повеќе)

 Нашиот клуб,како и повеќето во Македонија е членка на Моторциклистичката федерација на Македонија.. јас сум тамо избран за член на Надзорниот Одбор,кој има задача да се грижи за исправноста во финансиското работење на федерацијата. Поединости за работата на федерацијата не сакам да изнесувам,затоа што сум сватил дека секое закуќување на куќа оди тешко,па и ова со МФМ..Состојбата во Македонија на сите ни е позната,а со неа одат и проблемите со изнао”ање на спонзорства како истата добро би фунционирала.

И со таков да го наречам финансов хендикеп,сепак благодарение на личниот ангажман на  секретарот и 1-2 члена од УО федерацијата успеа да го направи она што до минатата година го правеше еден АМСМ (а сите знаеме колкава куќа е тоа) Јас би сакал да има толку многу средства во федерацијата,како ние клубовите би можеле да избираме на кого да ги довериме.


Бевте дел од организацијата на Релито Македонија 2008, вашето видување околу истото, споредба со предходните Релија и што очекувате за Рели Македонија 2009.

Да, бев дел од организацијата на Рели-Македонија (како и другите-волонтерски) и мислам дека како за прв пат,знаејќи ги гореспоменатите проблеми, релито беше    успешно одржано, со оглед на тоа дека имаше далеку повеќе учесници од минатите години. Сите треба да се свесни дека е многу тешко да пречекаш толку многу гости кои ти се најавиле на тргнување од дома,а кој не е свесен за тоа нека озборува. Стојам на ставот дека од година на година ќе биде се подобро и подобро.

Што вие, пред се како единка но и како претседател на клуб можете да сторите за правилна афирмација, развој и ширење на мото културата во Македонија.

Мојата соработка  е со сите претседатели (бивши и сегашни) на клубови во Македонија, И сеуште сме на добра релација, тоа се луѓе со кои сме делеле добро  и лошо по патиштата низ Европа,и сме ја представувале Македонија надвор од  границите, а такви пријателства не замруваат. Така да соработуваме во полето на организирање  и успешно одржување на разни собири,вожњи,спортски натпревари и други организирани активности.

 

oli1.jpg

 

Луѓе со кои соработувате и би сакале да продолжите да соработувате во иднина за развој на вашиот клуб а со тоа и развој на Мото Културата.

Тука се: Тања од Богданци,Љупчо од Струмица,Мите од Гевгелија,Аце од Радовиш,Симе од Прилеп, Филип од Куманово, Охриѓани, Стружани, Гостиварчани.... за Скопјани да не набројувам..многу ги има. Со сите нив соработката е на завидно ниво, мислам дека и понатаму така ќе остане.

Има ли стари моторџии во Македонија, луѓе кои треба да се спомнати кои направиле нешто за мото културата и дали вие би сакале да прочитате нешто за нив како што тие сега ке читаат за вас, мислите ли дека www.motori.com.mk треба да продолжи со вакво преставување и запознавање на македонските таканаречени легенди пред младите моторџии.

Постари моторџии има многу кои треба да се споменат,јас ги знам оние кои се     сеуште активни возачи, би ги споменал: Владо Панијан,Гуте,Ѓоко(кој патува со   внукот), Кизо,Васил,Зрно,Пројко(патува со ќерката),Јово-далавера,Тошо-Маја, Мирче- вампирот, Бурекот,Бубу-Камел,Мите од Гевгелија, Неим и Људмил од Охрид, Башким од Струга, има тука  еден Зоки од Куманово кој на поодминати години стана моторџија,и патува со ќерката. Многу има уште за набројување, ама тоа ќе го направиме во вашиот список како предлози за интервјуа кои планирате да ги направите, за кои мислам дека се нешто посебно, и многу добро што се прави за нашата домашна мото-сцена. Не само постарите, тука се и помладите моторџии кои заслужуваат место во вашите планови, како афирмирани натпреварувачи, претседатели на клубови како и организатори на разни мото-активности . 

 

 

Ајде да слушнеме некоја моторџиска приказна само да не е како рибарските приказни.

Рибарските случки  најчесто се без сведоци, а нашите се скоро секогаш групни. Еве една што прва ми падна на ум,а и не е баш за фалење,па нема да биде  надувана..хахахаха 

На времето кога беше актуелно  Рели-Сутјеска(постарите го знаат сите) ние неколку другари (тогаш по 18-тина години)се спремаме за тоа рели,и секојдневно вежбаме на паркингот на Водно, спретно возење. Леле што ќе им сториме горе!!! Први ќе бидеме !!!! Најдобри сме,колку се навежбавме....Одиме ние на релито,се сместуваме, и ај да видиме каде ќе се одржи натпреварот,фраерите да ја снимат стазата. Кога тамо што да видиш: тоа Словенците и Хрватите прават пируети, буквално лежат на стаза со моторите. Си се погледнавме во очи еден со друг,и утрината рано-рано си  спакувавме шаторите,си товаривме моторите, и магла на море.

Вистина ли дека моторџиите пијат многу и дека жените им се слабост или пијат поради жените, како вие би го протолкувале ова.

Кој ви кажа дека моторџиите многу пијат? Пијат онолку колку и сите други     луѓе, ајде нека е 10 % повеќе. Е сега.... тоа што секогаш пијат групно, и секогаш е тоа   проследено со гласна музика и галама, па е атрактивно. Тој е тој впечаток што го   добивате кога ги гледате од страна  и затоа ви делува дека многу пијат. А што се однесува до жените, па на кој маж не му се слабост? Се знае на кој.

Може ли да се биде успешен бизнисмен, претседател на клуб и фамилијарен човек? (да може да се побие приказната дека моторџиите се тепачишта и луѓе кои се на најниското скалило во општеството)

Прикаската дека мотоџиите се луѓе од  најниско скалило, незнам кој ви ја презентирал, <span style="font-size: 10pt; font

Back To Top