Оние кои го познаваат добро, оние кои се покрај него секој ден додекај тренира, се убедени дека тој е истиот Валентино Роси.

Можеби тоа е точно, но лицето на Роси на официјалната презентација на Yamaha во Шпанија јасно стави до знаење дека тој е разочаран, дека не е потполно среќен. Можеби е поради стерилната околина или пак поради атмосферата на презентацијата која е помалку формална и и недостасува прославата која ја заслужува тимот кој ја освои титулата во конструктори минатата сезона и кој ги освои првите две места во генералниот пласман. Но фактот останува дека Роси изгледа поинаку од она на  што сме навикнати да го гледаме. На кратко, невозможно е да заборавиме што се случи во 2015 година, не само на Роси туку и на Yamaha.

2016ym rossi yzr m1 white 01 copy 0.big

Што направи после Валенсија? Беше ли тешко да се надмине разочарувањето?

-После Валенсија беше тешко. Особено во првите две недели разочарувањето беше огромно. Бев дома и не правев ништо посебно. Потоа се случи Монца рели викендот. Повторно се вратив во водство, се забавував, го правев она што го сакам. Можам да кажам дека тоа беше моментот кога го надминав разочарувањето и почнав да размислувам за иднината.

Зошто се откажа од приговорот?

-Приговорот беше наменет за да не стартувам од последната позиција во Валенсија. Ништо друго не беше важно. По трката, немаше смисла да продолжам понатаму со тоа.

После Валенсија, дали размислуваше за откажување од натпреваруувањето?

-Тешко ми беше да прифатам што се случи на крајот на 2015 година. Но сакам да се натпреварувам, мислам дека уште сум компетитивен. Затоа никогаш не помислив на тоа. Имам уште една година од договорот и тоа не би била правилната реакција. Мораме да го искористиме искуството од минатата сезона и да бидеме уште помотивирани.

Се поздрави со Лоренцо.

-Мораме да бидеме силни и да ги оставиме личните работи на страна. Лоренцо долги години беше мој тимски колега и многу често беше мој директен противник. Мораме да работиме заедно и да бидеме професионални. Ако има добра атмосфера, тогаш е подобро.

Се ракуваше ли со Маркез?

-За среќа, Маркез не ми е тимски колега.

Отсекогаш велеше дека годините не се проблем, но многумина ја сметаа минатата сезона за твоја последна шанса да ја освоиш титулата. Како гледаш на тоа?

-Во изминативе години, многу пати имам слушнато дека тоа би требало да е моја последна сезона. Дефинитивно ќе биде тешко да бидам добар како минатата сезона, но тоа е мојата цел. Ќе се борам за да победам. Да ја освојам титулата.

Им завршува договорот на сите возачи. Дали ова ќе ти биде последна сезона со Лоренцо?

-Морам да мислам на мене. Како што изјави Лин Џарвис на презентацијата, после максимум пет трки, ќе почнеме да размислуваме за 2017. Но за мене она што ќе се случи со Лоренцо нема да ми промени многу. Нема да влијае на мојата одлука.

Какво чувство имаше кога прв пат се сретна со Лоренцо после Валенсија? Што ќе се случи кога ќе се сретнеш со Маркез во Сепанг?

-Нормално е да го видам Лоренцо. Исто ќе биде и со Маркез.

Велат дека желбата за одмазда може да биде голема мотивација. Дали ја почнуваш новата сезона комплетно мотивиран?

-Да, имам голема мотивација, тоа нема да биде проблем. Но тоа не е поради тоа што сакам да се одмаздам, туку бидејќи го сакам натпреварувањето, го сакам предизвикот.

Џарвис изјави дека сакаме почитување меѓу возачите и меѓу сите лица кои се вклучени во MotoGP. Дали се уште имаш почит за Лоренцо и Маркез?

-Што е тоа почит? Особено Маркез, но исто така и Лоренцо имаат многу малку почит за мене. Верувам дека бев во право. Отсекогаш сум ги почитувал другите и ќе продолжам да го правам тоа.

Зошто мислиш дека Маркез би ја имал сета огорченост кон тебе?

-Многупати сум се прашал тоа, но не сум нашол одговор. Можеби му бев жртвено јагне, полесно му беше да ме обвини мене за проблемите во 2015. Би требало да го прашате него.

Можеби за да се победи Валентино Роси, повеќе возачи треба да се здружат меѓусебно?

-Токму така. На крајот  ја загубив титулата во 2015. Но очигледно дека имавме успешна сезона. До крај се борев за титулата. На тоа може да се гледа и како на чест бидејќи се здружија за да ме победат.

Доколку можеш, би направил ли нешто поразлично во 2015. Што е со изјавите во Сепанг?

-Не се сложувам со оние што зборуваат дека Маркез реагирал по моите изјави. Тој веќе имаше одлучено јас да ја изгубам титулата. Повторно би ги направил истите работи.

Според тебе, дали сликата за MotoGP е компромитирана?

-Секако дека тоа беше ситуација која никој не ја очекуваше. Но тоа е сега во минатото. Можеби требаше подобро да се справиме со неа, особено организаторите, но за среќа се враќаме на патеката. Тука треба да бидеме професионални, да се почитуваме меѓусебно. Треба да бидеш агресивен но исто така и фер.

Ни остана малку време да зборуваме за мотоциклот, гумите електрониката...

-Никој не знае кој е идеалниот баланс за најмногу да се искористи Мишелин. Стилот на возење е многу поразличен од оној со Бриџстоун. Што се однесува до електрониката, нормално е на почеток сите возачи да се жалат бидејќи се уште не се навикнати. Не верувам дека ќе има голем проблем. Сите сме на исто ниво и нашите инжењери се доволно паметни за да најдат решение. Не знам дали Јамаха е послаба од Хонда или дали Дукати повеќе тестирале со Мишелин. Мораме да бидеме брзи и добри на Сепанг.

Кои ќе ти бидат главните противници?

-Тие се истите: Лоренцо, Педроса, Маркез. Но можеби со новите правила, ќе бидеме по изедначени.

Извор: SportRider Magazine

Back To Top