Интервјуа

20 прашања: Игор Акрапович

Легендарниот Игор Акрапович ни раскажува за тркањето, возењето на едно тркало и неговите тркачки херои.

Следете нè на:

 

Легендарниот Игор Акрапович ни раскажува за тркањето, возењето на едно тркало и неговите тркачки херои.

igor akrapovic

Што возите во моментов?

- Во изминативе две години многу малку возев поради повреда на коленото. Но имам Ducati Diavel. Го обожавам тој мотоцикл. Повторно ќе го возам следната година. Секако дека тој има Акрапович издув.

На кој мотоциклист најмногу му се восхитуваш?

- Џакомо Агостини ми е омилен возач. Се сеќавам кога го гледав како настапува.  Какви неверојатни сеќавања.

Која е твојата најлоша особина при возењето?

- Кога бев помлад возев малку побрзо. Правев некои луди работи. Но тоа е минато. Честопати возевме без регистарски таблици и полицијата не успеваше да не најде.

Ако можеш да имаш една тркачка суперсила, која би била таа?

- Кога се тркав не бев многу добар на влажни услови. 12 години се тркав но никогаш не бев добар на дожд. 

Колку најбрзо си возел со мотоцикл?

- 310 километри на час. Тоа го направив со Suzuki 1100 кој беше сместен во рамка на Kawasaki. Тоа беше луд мотоцикл.

Кога последен пат се исплаши додека се возеше на мотоцикл?

- Имаше некои патеки во Југославија кои беа навистина опасни. Толку беше опасно што одбив да возам во Славонска Пожега.                                 

Колку километри помина минатата година?

- Поради повредата на коленото не поминав многу.

Колку најмногу километри имаш поминато во еден ден?

- 1000 километри. Тоа е така бидејќи имавме трки во Македонија и дотаму возев со мојот MZ 250.

Што те иритира најмногу додека возиш?

- Сообраќајот. Во минатото беше лесно да се вози брзо но сега тоа мора да се прави на тркачка патека.

Имаш одмор од две недели. Каде ќе одиш?

- Некаде каде што е топло. Намибија, Хрватска, Крит, Грција. Сакам топло време. Голем фан сум на глобалното затоплување. Штета само што тоа не се случува толку брзо. Сигурен сум дека во Велика Британија би сакале да е за 5 степени потопло. Се шегувам, секако. 

Совет за новите возачи?

- За тркачите би им советувал да бидат внимателни кога потпишуваат договори, кој мотоцикл да го возат и како да ја обезбедат својата иднина. Во минатото, ако си брз ќе добиеше фабрички мотоцикл. Сега се се врти околу менаџерите и адвокатите.          

Дали си паднал додека си се обидувал да се направиш важен?

-Не. Добро возев на едно тркало и немав никаков проблем. Kawasaki 500 беше одличен мотоцикл за такво нешто.

Дали имаш нешто без што не можеш?

- Веројатно тоа би била вистинската облека. Кога бевме млади не носевме кацига. Но сега нашите глави стануваат помеки.

Кои четири лица би ги поканиле на забава?

- Мојата жена и некои најблиски пријатели. Имаме некои навистина големи херои во нашата компанија.

Имаш ли некој алат без кој не можеш да живееш?

- Не.

Ја прилагодуваш ли суспензијата?

- Апсолутно да. Секогаш ја прилагодувам суспензијата. Секогаш сам ги правам сите работи. Ако сакаш брзо да влезеш во некој свиок, тоа мора да го направиш сам.               

Ако можеш да имаш едне стар мотоцикл, кој би бил тој?

- Дефинитивно Kawasaki 500. Се сеќавам како помлад дека го гледав тој мотоцикл и уште тогаш велев дека е неверојатен.

Каква машина никогаш не би купил?

- Чопер.

Каква патека би направил на твојот напуштен остров?

- Мојата омилена патека е Гробник во Хрватска.

Ако можеш да владееш со светот, каков нов закон би вовел?

- Порелаксирано ограничување на брзината на автопат.

 

Извор: motorcyclenews.com

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.