Домашни

УИП позитивно одговори на нашето барање - скопските улици ќе се одбележуваат со квалитетна боја!

Јавното претпријатие Улици и Патишта - Скопје, донесе позитивна одлука во однос на нашето барање за промена на бојата за хоризонтално одбележување на улиците во главниот град!

Следете нè на:

 

Проблемот со кој се соочуваа моторџиите во главниот град се чини дека е надминат. Лизгавата боја со која се одбележуваат улиците ќе стане минато, а ќе добиеме квалитетна боја која нема да ја загрозува безбедноста. 

По состанокот со одговорните од ЈП Улици и Патишта - Скопје каде што го елабориравме проблемот со кој се соочуваме секојдневно, добивме уверување дека наскоро нашиот проблем ќе биде решен. И навистина така излезе, денеска пристигна официјалното известување од УИП.

Би сакале да изразиме огромна благодарност до директорот Г-н Сенад Смаиловиќ кој најде разбирање за нашиот проблем и реагираше навремено пред почетокот на сезоната со цел да се спречат несаканите последици и да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Како што се вели и во нивниот одговор на барањето: „Ве известуваме дека во оваа тековна сезона за хоризонтално одбележување на сообраќајниците на територија на Град Скопје, ќе се употребува боја со зголемен квалитет, со што ќе се допринесе до значително зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.“

uip skopje

Во меѓувреме доставивме барање и до Министерството за Транспорт и Врски за промена на начинот на кој се одбележуваат велосипедските патека на крстосниците, па наместо целосна лента тие да бидат испрекинати со што ќе може да се одбегне контактот со нив. Очекуваме позитивен одговор и од оваа институција, а ќе Ве информираме штом добиеме одговор на барањето.

Нека ни е со среќа :)

Би можело да ве интересира

По две успешни организации на големиот хуманитарен настан „Distinguished Gentleman’s Ride”, Скопје и оваа година ќе биде дел од истиот.

Станува збор за програма за изнајмување на мотоцикли која ќе биде достапна на сите продажни места на BMW.

„Можеби некои од шефовите во Yamaha ќе го погледнат бројот на порази и ќе прашаат зошто е тоа така“, Валентино Роси

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.