На 25-ти јуни во Кавадарци мото клубот „Tikves Riders“ ќе го организира својот прв мото собир.

Дечките од Тиквеш Рајдерс им се добро познати на сите моторџии низ земјава. Дружељубиви и весели, секогаш подготвени да помогнат, а знаат и добро да се забавуваат, па несомнено дека нивниот прв мото собир ќе биде незаборавен.

На 25-ти јуни (сабота) во Моклишта, Кавадарци (кај споменикот 12 Ваташки деца) клубот го организира првиот мото фест.

tikves riders

Не очекува добра забава со бендовите „Eruption“, „Troya“ и „Smoke Shakers“. За да биде вистински мото фест домаќините ќе организираат и мото игри, а освен дружењето и забавата ќе имате и можност за бесплатно кампување за сите оние кои ќе уживаат во евтиното пиво и вкусната скара.

Како што се вели и во соопштението на домаќините: „Драги љубители на мото спортот, Ве покануваме на прекрасна забава во Кавадарци која ќе биде исполнета со рок песни, македонско пиво и одлична скара. Повелете, Ве очекуваме вас и вашите мотори“.

Се гледаме во сабота во Кавадарци!

Back To Top