Мото клубот Мечки од Куманово по осми пат ќе ја организираат хуманата акција „Дедо Мраз на мотор“, на 25-ти декември 2015 со почеток од 11 часот.

Собирањето ќе биде на плоштадот во Куманово во 11 часот, за во 12 да се посетат дечињата од Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Имате доволно време да се подготвите, да си купите костим или капа од Дедо Мраз кои се продаваат за мала сума во скоро секоја продавница за играчки.

За галеријата од минатата година кликнете овде.

Како и до сега, независно од временските услови акцијата ќе се одржи. Пред новогодишните празници се одличен период барем на момент да им ја вратиме насмевката на овие дечиња. Оние кои до сега учествувале во акцијата ќе знаат за што пишуваме, па нека биде ова покана до сите моторџии да ја направиме нај-масовната акција до сега.

Back To Top