На 13-ти септември 2007 година македонската он-лајн заедница беше збогатена со првиот веб сајт за мотори - motori.com.mk.

На 13-ти септември 2007 година македонската он-лајн заедница беше збогатена со првиот веб сајт за мотори - motori.com.mk.

Изминаа 9 години откако беше објавена првата содржина на сајтот, 9 години од првите средби, запознавања, возења... 9 години во кои сите ние заедно направивме многу за оваа наша мото сцена.

Роденденската прослава по повод 9 години постоење на Мотори.ком.мк ќе се одржи на 17-ти септември (сабота), со почеток од 20 часот во клаб хаусот на POTFAT MC на Средно Водно. За добредојде од нас ќе има по една ракија, цените на пијачките ќе бидат складни со моторџискиот буџет, а за гладните ќе има и скара.

За сите оние кои пијат алкохол обезбедивме место за кампинг, патот до Водно не простува грешки, па препорачуваме да си отспиете пред да тргнете кон дома.

Поканети се сите мото клубови, поединци и љубители на мотоциклите. Вашата поддршка во изминатите девет години не води напред и ни дава мотив да продолжиме да работиме. Нека ни е среќен роденденот и заедно да си славиме уште многу години.

Back To Top