10-от роденден на мотори.ком.мк ќе биде одбележан со дневна хуманитарна журка во центарот на Скопје.

10-от роденден на мотори.ком.мк ќе биде одбележан со дневна хуманитарна журка во центарот на Скопје.

poster rodenden motori 1

На 13 септември 2007-ма година беше објавена првата содржина на motori.com.mk. Изминаа цели 10 години од првите средби, запознавања, возења... а сите заедно направивме многу за оваа наша македонска мото заедница. 

Идејата е јубилејниот роденден да го направиме значаен, да остане запаметен. На нашиот колега моторџија Ивица Станковски - Белчо од Куманово му се потребни средства за да набави квалитетна протеза, која ќе му помогне самостојно да се движи, откако пред два месеца остана без едната нога, во сообраќајна несреќа на раскрсницата кај спортската сала во Куманово, при судир на мотор и џип. 

Се одлучивме за дневна забава, во кафеана, во пријатна атмосфера да прославиме 10 години постоење на Мотори.ком.мк. За доброто расположение ќе се погрижат фантастичните Plan G од Гостивар, за разладување ќе имаме точено пиво, а за гладните и вкусна скара. Целиот профит од роденденската забава ќе биде дониран на Ивица, а дополнително ќе биде поставена и кутија за донации.

Огромна благодарност до градската кафеана Калабалак без чија несебична помош немаше да можеме да ја организираме забавата. Улицата од потегот на хотелот Канет до пицеријата Занзибар ќе биде затворена за сообраќај од страна на МВР, а благодарение на Паркинзи на општина Центар целиот паркинг пред кафаната ќе биде ослободен за мотоцикли.

Поканата е отворена за сите моторџии и вљубеници во мотоциклите, сите мото клубови и поединци, но и за сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат. На 17-ти септември (недела) со почеток од 12 часот на пладне се гледаме во Калабалак во парк.

Back To Top