Мото клубот Мотори од Скопје успешно ја спроведе својата втора акција „Дедо Мраз на мотор“ со која им беа поделени новогодишни пакетчиња на децата со оштетен вид од домот „Димитар Влахов“.

Во духот на новогодишните празници, мото клубот Мотори од Скопје и нивните пријатели се обидоа барем на момент да им ја вратат насмевката на децата и младите од домот „Димитар Влахов“ во Скопје. Според она што имавме прилика да го видиме, тие беа повторно на висина на задачата и успешно ја спроведоа акцијата.

Со втората успешна акција од овој вид МК Мотори најави дека „Дедо Мраз на мотор“ за нив ќе прерасне во традиција која се надеваме дека ќе ја негуваат уште доолги години.

Back To Top