Компанијата Миркат од Скопје е новиот овластен увозник на Suzuki мотоциклите за Македонија.

Со првата пратка на скутери и мотори од Suzuki кои денеска пристигнаа во салонот на Миркат започнува ново поглавје на нашата мото сцена.

suzuki macedonia

Увозникот на возилата Suzuki за Македонија ја прошири дејноста во сегментот кој нас не интересира. Скутерите и моторите од палетата на Сузуки од сега ќе бидат дотапни во продажниот салон на Миркат лоциран во Скопје на улица Скупи (веднаш до Систина). Овластен сервис и дилер за Сузуки мотоциклите ќе биде Сито Сервис (каде веќе се изложени неколку модели), а сервисот веќе се опремува со потребната дијагностика и алати.

Ценовникот на нови модели е во подготовка, за неколку дена во него ќе бидат додадени и цените за Suzuki.

На новиот увозник му посакуваме среќна и успешна работа, а Сузуки моторите да ги гледаме почесто по нашите патишта.

Back To Top