По повод празникот Свети Никола, членовите на Мото клубот „MCC Sveti Nikole“ организираа хуманитарна акција во Дневниот центар за лица со посебни потреби.

По повод празникот Свети Никола, членовите на Мото клубот „MCC Sveti Nikole“ организираа хуманитарна акција во Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Празникот Свети Никола кој впрочем е и патрон на градот Свети Николе беше повод за момците од мото клубот Свети Николе повторно да ја покажат својата хумана страна. Настанот се поклопува со роденденот на центарот кој оваа година славеше 5 години од постоењето, а мото клубот по трет пат беше дел од хуманата акција.

Освен со своето присуство, членовите на клубот ги израдуваа штитениците на центарот и со овошје и кујнски апарати кои му беа потребни на центарот. Треба да се спомене и дека кон посетата се приклучија и неколку членови на мото клубот Мечки од Куманово.

Фото: Зоран Тасев

Back To Top