summerbeauty.jpgMotori.com.mk организира избор на Летна Мото Убавица '08. Во наредните 5 недели ќе имате можност да гласате за вкупно 25 девојки кои ќе бидат сликани на ексклузивни модели на мотори. Секој ден ќе биде претставена по една девојка, а на крајот на неделата од 5-те девојки ќе се одбере една. 

На крајот од изборот, после 5 недели, 5 девојќи ќе се натпрваруваат во финалето кое ќе се одржи во Охрид за титулата Летна Мото Убавица '08.

Изборот започнува во понеделник кога ќе биде претставена првата девојка. Сите девојќи ќе бидат преставени со информации за нив и со по неколку слики облечени во бикини, џинс, и мото опрема.

Право на гласање за девојките ќе има секој член на сајтот.

Изборот е поддржан од модното студио Црнокрак, модната куќа Кара, сите спонзори на motori.com.mk како и повеќе медиуми.

Back To Top