thumb_hristijan_ilioski_nov_motor_2Она што започна како невозможна идеја на форумот, конечно се оствари! Нашиот најголем талент Христијан Илиоски купи нов мотор, Suzuki RMZ 450 со кој ќе може да се натпреварува во Источно-Европскиот шампионат.

hristijan_ilioski_nov_motor_2

Она што започна како невозможна идеја на форумот, конечно се оствари! Нашиот најголем талент Христијан Илиоски купи нов мотор, Suzuki RMZ 450 со кој ќе може да се натпреварува во Источно-Европскиот шампионат.

По иницијатива на Бернард Дебси, започнавме акција која предвидуваше уплата на средства на сметката на Кико. Бидејќи резултатите беа слаби, организиравме првомајска мото журка, а потоа и кутии за собирање на средства на неколку собири во тој период, но сепак средствата беа далеку од доволни. Во меѓувреме Илиоски доби по еден сет гуми од МотоПром, SkyMoto и од Motori.com.mk. Се обративме и во агенцијата за млади и спорт од каде ни беше ветена помош која Кико треба да ја добие кон крајот на месецов.

Сепак главниот "виновник" за новиот мотор на Кико е Cermat. Домашниот производител на сладоледи ја продолжи акцијата, ги донираше средствата од влезниците и беше генерален спонзор на трката во Битола каде Кико ја освои главната награда. Со сите пари на купче, плус оние од сега веќе продадениот дотраен мотор, Кико во Србија го купи новиот мотор.

Во Србија отпатува на мотокрос трка, каде за прв пат го возеше новиот мотор (во МХ1 класа) и го освои второто место, веднаш за Ненад Шипек. Колку за споредба, хрватскиот кросист е учесник на Светскиот и Европскиот шампионат!

До крајот на годината Илиоски ќе го доврши нашиот шампионат во МХ2 класата со друг мотор, постои можност и да вози во двете класи, а од следната година ќе го гледаме со новиот мотор само во МХ1.

Моторот е тука, Кико е подготвен, останува уште сериозен спонзор кој ќе го подржува во неговите успеси, а тие се неминовни. Учеството на Европската сцена бара многу средства, па затоа помошта и поддршката за Илиоски не треба и нема да заврши на ова.

Кико, само напред.

 

Back To Top