Мото клубот „Guardian Angels MC“ на 17-ти октомври (сабота) ја организира петтата по ред крводарителна моторџиска акција.

guardian angels mc krvodaritelna

Мото клубот „Guardian Angels MC“ на 17-ти октомври (сабота) ја организира петтата по ред крводарителна моторџиска акција.

Крводарителната акција која се организира веќе петта година по ред по повод роденденот на мото клубот, ќе започне на 17-ти октомври во 10 часот наутро, а ќе трае до 14 часот. Како и до сега акцијата ќе се одржи во просториите на дневниот центар за дарување крв „Даре Џамбаз“.

Веднаш по завршувањето на акцијата, односно од 15 часот во кафе барот Рокси ќе се одржи прослава по повод акцијата како и прослава за 7-от роденден на мото клубот Guardian Angels MC - Macedonia.

Поканети се сите моторџии, да покажеме дека сме хумани, а потоа да го испочитуваме и роденденот на мото клубот кој по петти пат ја организира оваа акција. Се гледаме таму!

Back To Top