Малопродажните цени на бензините се намалуваат за три денари од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 55 денари за литар, додека за еден литар еуросупер БС-98 треба да се одвојат  57 денари.

benzin cena motori

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 31,548 долари за барел и е за 1,65 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 54,9908  е за 2,43 % понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 11,55%.

Back To Top