По пријатно и сончево време, под покровителство на МФМ, a во техничка организација на МК Александар и МК Мотори од Скопје на 26 и 27 октомври на патеката кај спортскиот аеродром „Стенковец“ крај Скопје се одржа последниот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2013.

enduro-skopje-2013-22

По пријатно и сончево време, под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Александар и МК Мотори од Скопје на 26 и 27 октомври на патеката кај спортскиот аеродром „Стенковец“ крај Скопје се одржа последниот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2013.

Присутните гледачи можеа да видат возбудлива борба за позиции во сите 4 класи: Е1, Е2, Е3 и Т.

Во класата Е1 видовме изедначена возење на двајцата конкуренти за титулата, младите надежи на македонскиот мотоциклизамв - Никола Гулевски (МК ЛТД спортс) и Драган Ванов (МК Мото Велес). Првиот ден Гулевски беше супериорен, но сепак победник го одлучи вториот ден. Гулевски во последниот трет круг мораше да вози со дупната гума и тоа го искористи Ванов да победи што му беше доволно за вкупна победа на натпреварот во својата класа. Сепак, радоста на Гулевски беше поголема затоа што успеа да стигне до шампионската титула со вкупно 97 бодови или 6 повеќе од својот најголем ривал на патеката. Третото место со констатно возење го освои поранешниот шампион во оваа класа, Александар Петровски (МК Мотори).

enduro-skopje-2013-102

Во класата Е2 очекувано најбрз беше трикратниот шампион и освојувач на златната кацига, Ивица Милошевиќ (МК Мотори). Нему во прилог му беше и неучеството на најдобриот од претходните настапи, Михаил Бајовски (МК ЛТД спортс) кој поради повреда мораше да ја пропушти оваа трка. Второто место и во двата натпреварувачки денови го освои Ивица Гиновски (МК Ендуранс тим), додека одличен настап во вториот ден имаше Стеван Аврамовски (МК Мотори) што му беше доволно за трето место во вкупниот пласман. Во конечниот пласман Милошевиќ и Бајовски имаат ист број бодови, но поради подобар резултат на последната трка, Милошевиќ ја освои и 4-тата титула по ред. Во оваа класа треба да се истакне и дебитантскиот настап во оваа дисциплина на Сашо Николов – Тумац, кој е повеќекратен македонски шампион во брзински мотоциклизам. На крајот Николов беше петти во најпрестижната класа.

enduro-skopje-2013-116

Највозбудливо беше во класата Е3. Шестмина натпреварувачи постојано ги менуваа позициите, а во првиот натпреварувачки ден најдобар беше Амир Амети (МК Мотокрос Шари), пред Љупчо Ничевски (МК Мото Велес) и Борче Костов (МК ЛТД спортс). Вториот ден приреди уште поголема неизвесност, првите четворица завршија во само 6,11 секунди разлика, а дури последниот брзински испит одлучи за најдобрите. Најбрз беше Берат Зендели (МК Гостар), пред Амети и одличниот дебитант Филип Крстевски (МК Брзкруг). На крајот вкупен победник е Амети, пред Зендели и Ничевски. Шампион на Македонија со вкупно 86 бодови е ветеранот Костов, а вицешампионската титула ја освои Роберт Нушков (МК Брзкруг) со 73 бодови.

За целата галерија кликнете овде.

Во класата Т, Дарко Гиговски (МК Сакамото) беше поуспешен првиот ден, но во вториот Баже Шишковски (МК Александар) и покрај дупната гума не дозволи изненадување и победи во вкупен пласман на натпреварот.

enduro-skopje-2013-80

Во продолжение и резултатите од двата натпреварувачки денови:

-Трка 1 (сабота, 26.10) генерален пласман
-Трка 1 резултати по класи

-Трка 2 (недела, 27.10) генерален пласман
-Трка 2 резултати по класи

Извор: МК Александар

Back To Top