Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Во недела (14-ти октомври) на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

МК Вардар - Скопје, во соработка со општина Ѓорче Петров, a во согласност со календарот на МФМ и Правилникот за мотокрос на МФМ, закажува трка во класите: MX1, МХ2, MX3 и МX-Open. Трката ќе се бодува за државниот шампионат на РМ и фактички ќе е затварање на сезоната 2018.

mx orman 2015

Распоред за недела:

- 09:30-10:00 Технички преглед и верификација во бокс за возачи. 
- 10:10-10:20 Прва седница на жири во објектот на полигонот.
- 10:20-10:40 Службен тренинг МX3 + MX-Open (задолжителни 3 круга).
- 10:45-11:05 Службен тренинг МХ2 + МХ1 (задолжителни 3 круга).
- 11:15 Втора седница на жири во објектот на полигонот.
- 11:30 Свечено отварње на трката.
- 12:00 Прва трка МX3+MX Open (20 минути плус 2 круга).
- 12:30 Прва трка МХ2+МХ1 (25 минути плус 2 круга).
- 13:00 Втора трка МХ3+МX Open. 
- 13:25 Втора трка МХ2+МХ1.
- 13:50 Трета седница на жири во објектот на полигонот.
- 14:15 Прогласување на победници пред објектот на полигонот.

Back To Top