Домашни настани

Викендов мотокрос трка во Прилеп

Клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп викендов по 5-ти пат ќе ја организира меѓународната трка насловена како „Storm Riders 2017“ на мото крос арената во Лагово.

Следете нè на:

 

Клубот за екстремни спортови „SkyRiders“ од Прилеп ќе биде домаќин на мотокрос трка која ќе се одржи на патеката Лагово крај Прилеп.

Трката оваа година нема да се бодува за шампионатот на Македонија во мотокрос, ќе има ревијален натпревар, а Македонија ќе остане без ниту една официјална трка за 2017 година.

Натпреварувачите во Лагово ќе бидат поделени во 4 класи: MX1, MX2, MX3 и OPEN CLASS, а најавени се гости од Србија, Грција, Албанија и Косово.

„Ова ќе биде единствена мото крос трка годинава организирана во Македонија и сите возачи од државава се исклучително нестрпливи да учествуваат на еден ваков настан. Во изминативе години стекнавме едно реноме, имаме патека која е направена според сите стандарди и целта е овој натпревар да премине во меѓународна трка со натпреварувачки карактер. Мислам дека во иднина ќе ги постигнеме овие наши замисли“, истакна Златко Спиркоски, секретар на клубот за екстрекни спортови „Skyriders“.

Според предвидената програма во сабота ќе се возат тренинзи, а во недела квалификациите и трките. Во недела од 8:30 изутрина започнува техничката контрола, а првата трка на програмата е во 11:05. Иако трката нема да се бодува за шампионатот на Македонија во мотокрос ќе бидат запазени сите правила и прописи како и мерење на времето.

Прогнозата за недела е сончево време и температура од 11 степени, одлични услови за мотокрос трка и убаво поминат неделен ден, се гледаме во Прилеп.

comments

Би можело да ве интересира

Покрај рекордната продажба во САД која ја објавија минатата недела, BMW соопшти дека успеале да го надминат и рекордот на компанијата на глобалнот пазар, откако во 2017 година успеаа да продадат 164.153 мотоцикли. 

И покрај намалената целокупна продажба на мотоцикли на пазарот, Ducati имаше раст во продажбата и поголеми бројки во 2017 година

Уште еден драматичен ден на релито Дакар. Поранешниот лидер во генералниот пласман, Адриен Ван Беверен мораше да биде евакуран од етапата после тешкиот судар кој го имаше на само 3 километри до целната линија.

Возачот на Јамаха Теч 3 тимот, Јонас Фолгер, преку својот менаџер денеска го извести тимот дека нема да настапува на овогодинешниот МотоГП шампионат.

Правилникот според кој техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ, одлучува во однос на легалноста на аеродинамичните крилца нема да се промени во 2018 година.

Ducati ги следи Франко Морбидели и Франческо Бањаиа, двајца од најпросперитетните Италијански возачи во моментов, како и Светскиот шампион во Moto3 Јоан Мир.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!