Викендов кој измина на импровизираната патека во Кичево се одржа успешен тренинг за брзински мотоциклизам.

kicevo-moto-39

Викендов кој измина на импровизираната патека во Кичево се одржа успешен тренинг за брзински мотоциклизам.

Поголемиот дел од саботата беше искористен за чистење на патеката, која благодарение на иницијаторите на настанот како и на против пожарната служба од Кичево за само неколку часа беше доведена во состојба во која може да се вози.

Иако во саботата немаше многу возачи, неделата ни покажа дека луѓето се желни за трки. На тренингот се појавија 12 мотоциклисти кои возеа на стазата, иако сме свесни дека кога би се организирала трка нема да се појават сите 12, сепак надежно е тоа што луѓето сакаат да се обидат, да видат како е да се вози на стаза, а тоа е првиот чекор пред да се започне со возење трки.

Тренингот помина во најдобар ред, без инциденти, а со многу среќни и насмеани луѓе кои имаа прилика да свртат по некој круг во Кичево. Имавме прилика да го следиме возењето на Игор Спиров - Зизи, за кого ова беше прва подготовка пред почетокот на трките од Источно Европскиот шампионат. Зизи го заврши тренингот задоволен од постигнатото, а присутните освен од возењето на Зизи беа воодушевени и од возењето на 15 годишниот Аргетим Рамадани од Кичево.

На тренингот недостасуваа и многу возачи кои имаат возено во Кичево и кои сигурно би се вратиле на патеката доколку се организираат трки. Кворум има, сега уште надлежните да ја повлечат работата, да се вложат средства за ситни поправки и конечно да се организира шампионат во брзински мотоциклизам и скутери.

Сакаме трки!

Back To Top