Христијан Бузалковски - Бузо (МК Ендуро Тим - Водно Скопје) оваа година го освои БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата SP125.

По 3 години напорна работа, тренинг и желба за освојување на тронот, Бузо конечно дојде до зацртаната цел. Мораме да признаеме, бидејќи нашиот тим го прати од самиот почеток, дека Бузо почна да се трка буквално со не конкурентен мотор, но чекор по чекор тој со својот тим успеаа да го освојат овој шампионат и секако за тоа може да се добијат само пофални зборови.

DSC 0677

Освојувањето на таква титула во овој спорт каде што немаме никакви услови за тернинг навистина е за почит! А сега во продолжение да ја слушнеме и изјавата од нашиот шампион - Христијан Бузалковски:

„Здравоо...Ухх конечно мисијата е успешно завршена! БМУ Европската титула ја освоивме, после неколку години многу напорна работа, како на себе така и на моторот, можам да кажам дека заслужено дојдовме до титулата оваа година. Од 11 трки од Бму европскиот шампионат, јас победив на 7 и бев 11 пати на подиум, и сум многу среќен поради тоа! Знаејќи дека почнавме буквално од нула пред 4 години, а денеска го освоивме Европскиот трон, навистина сум горд поради нашиот успех. Велам нашиот бидејќи не сум сам во ова, тука е мојот тим, мојот клуб, моите спонзори, моето семејство и сите останати кои ми помогаат на секој можен начин, ова го направивме сите заедно, па затоа се надевам и дека сите заедно се радуваме за овој успех. Сега имаме мала пауза, па почнуваме со подготовките за 2019 година! Ќе откријам мал дел,ке возиме друг шампионат, со комплетно нов мотор во класата од 600 кубни сантиметри! Се надевам дека во блиска иднина ќе имате комплетно инфо. Следува многу интересен период, период во кој ќе се испишува историја во Брзинскиот моторциклизам во нашата земја! #STAYTUNED“

Back To Top