Следниот викенд на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи третата трка од мотокрос шампионатот на Македонија.
Следниот викенд на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи третата трка од мотокрос шампионатот на Македонија.
Организатор на трката е мото клубот Вардар кој на 20-ти септември прослави 35 години постоење. По тој повод предвидено е пред почетокот на трките сите поранешни возачи во мотокрос да свртат почесен круг на патеката.
Ова е и повик до сите оние кои се занимавале со мотокрос во Македонија, да дојдат во недела (6-ти октомври) на патеката Орман и заедно да го одбележиме овој настан. За возачите на почесниот круг мото клубот Вардар ќе обезбеди и спомен признанија.
За натпреварувачите во класите МХ1, МХ2 и МХ3 важи истиот правилник кој беше доставен пред трката која требаше да се одржи на 25 мај.
Тренингот во недела започнува во 10.30 часот, а потоа ќе се вози и трката во класата МХ3 (хоби). Свеченото отворање е закажано за во 12 часот, кога ќе се вози почесниот круг, а веднаш потоа ќе започнат и трките во класите МХ1 и МХ2.