На 25-ти октомври (недела) на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи втората трка од отворениот шампионат во мотокрос на Македонија.

phoca thumb l orman 2014 8

На 25-ти октомври (недела) на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи втората трка од отворениот шампионат во мотокрос на Македонија.

Во техничка организација на мото клубот Вардар од Скопје, а под покровителство на МФМ на патеката Орман ќе се одржат трки во класите MX85, MX2, MX1 и MX3. Се очекува присуство на домашните натпреварувачи но и гости од странство. Активностите на Орман ќе започнат во 9 часот за кога е предвидена техничката контрола, по што ќе следува свеченото отворање на трката.

Деновиве на патеката се изведуваат и последните подготовки со цел успешно да биде спроведена втората трка од шампионатот во мотокрос.

12096086 10153761602559309 1413179768670293911 n

До крајот на шампионатот за сега е предвидена уште една трка која треба да се вози на 1-ви ноември на патеката Братиндол во Битола, но се шпекулира и за уште една, четврта трка, до крајот на сезоната.

ПРОГРАМА НА НАТПРЕВАРOT

НЕДЕЛА, 25.10.2015 (Патека Орман)

  • 09:30 – 10:00 Верификација и Технички преглед
  • 10:25 – 10:30 Брифинг со натпреварувачите
  • 10:35 – 10:45 Квалификации МХ85
  • 10:50 – 11:05 Квалификации МХ3
  • 11:10 – 11:30 Квалификации МX1/МХ2
  • 11:45 – 11:55 Свечено отворање на натпреварот
  • 12:00 – 12:15 Прва трка MX85
  • 12:20 – 12:40 Прва трка МХ3
  • 12:45 – 13:15 Прва трка МX1/МХ2
  • 13:20 – 13:35 Втора трка МХ85
  • 13:40 – 14:00 Втора трка MX3
  • 14:05 – 14:30 Втора трка МX1/МХ2
  • 15:00 – 15:15 Свечено прогласување на најдобрите

Забелешка: Програмата може да претрпи измени поради временските услови на патеката или бројот на пријавени натпреварувачи по класи.

Back To Top