Во недела на мотокрос арената во Лагово (Прилеп), ќе се оддржи „Motocross Prilep Open – 2015“.

Во недела на мотокрос арената во Лагово (Прилеп), ќе се оддржи „Motocross Prilep Open – 2015“.

Организатор на трката се прилепскиот клуб за екстремни спортови „Скај Рајдер“ и општина Прилеп, а се очекува учество на 30-на мотокрос возачи. Според планот ќе се вози во категориите МХ65, МХ85, МХ1, МХ2 и МХ3

„И оваа година, по трет пат се организира оваа Меѓународна мото-крос трка. Над 30 мотокрос возачи од земјава и странство ќе учествуваат на првенството.  Веруваме дека во иднина трката ќе стане традиционална и ќе се организираат по две трки годишно. Амбиција ни е да организираме европска мото-крос трка. Очекуваме Прилеп да стане лидер во мотокрос трките на Балканот“ - изјави Ѓорѓи Манчески од Скај Рајдер.

Возбудувањата започнуваат во недела (22.11.2015) во 11 часот.

Back To Top