Домашни настани

Најава: Ендуро Трка Берово

Претстојниот викенд во Берово ќе се одржи првата трка од шампионатот на Македонија во Ендуро за 2018.

Следете нè на:

 

Трката во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија, мото клуб Мото-Велес и општина Берово ќе се одржи претстојниот викенд.

Се работи за прва трка од државниот шампионат во Ендуро за 2018 година и трка која за прв пат ќе се одржи во Берово. Местото изобилува со прекрасни терени за ендуро кои се гарант за возбудливи трки.

enduro trka skopje

Според најавите трките ќе се возат во два натпреварувачки денови и ќе се бодува за државниот шампионат во Ендуро. Предвидени се три класи кои ќе се бодуваат E1, E2 и E3 (T1 кинески до 450cc) и ОПЕН ХОБИ класа која нема да се бодува за шампионатот. Отворената класа ќе им овозможи на ентузијастите да го искусат натпреварувачкиот предизвик во Ендуро.

Мото-Велес воедно ги известува сите заинтересирани натпреварувачи навремено да извадат лиценца, спортско лекарско уверение и осигурување за да можат да учествуваат на трките.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.